Kia дополнително ќе го произведува електричниот EV9 во САД

Со вложување во висина од преку 200 милиони долари, фабриката на Kia во Џорџија, САД, ќе се подготви за производство на електричниот СУВ-седумсед EV9. Во американската фабрика моментно се произведуваат четирите модели Telluride, Sorento, Sportage и K5.

Фабриката на Kia во Вест Поинт, Џорџија, се подготвува да го вклучи во своето производствено порфолио целосно електричниот EV9. Производството на СУВ-седумседот ќе започне во втората половина од 2024 година.

Со вложувањето преку 200 милиони долари, Kia во фабриката ќе отвори и дополнителни 200 работни места. Електричниот СУВ-знаменосец ќе им се придружи на моделите Telluride, Sorento и Sportage, што во моментов се произведуваат во Вест Поинт, заедно со лимузината од средна класа K5, наследничка на Kia Optima.

„Исто како Telluride, EV9 има потенцијал да стане уште еден ‘game changer’ на Kia,” изјави Шон Јун, претседател и извршен директор на Kia за Северна Америка. „Тоа ќе биде најсофистицираното возило што го имаме произедувано тука и ќе се издвојува на пазарот од електрични возила, како и на улица.“

EV9 е прв електричен автомобил на Kia што ќе се произведува во Северна Америка. Моделот ги комбинира СУВ елементите на шампионскиот Telluride, заедно со најдобрите елементи на електричниот кросовер EV6. Седумседот со погон на струја соединува практичност со технологија и отмена елеганција.

Претходна објаваНајлуксузните и електричните модели ја качуваат продажбата на Mercedes-Benz
Следна објаваСамо уште Volkswagen е пред продажбата на Toyota во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here