Kia: Во првото полугодие продадени 260.000 примероци од Sportage

Kia годинава го има најдоброто прво полугодие во историјата, со продадени 1.575.920 возила. Во споредба со лани, продажбата е зголемена за 11 проценти.

На извозните пазари на Kia, до јуни се испорачани 1.281.067 возила, што претставува раст од 10,8 проценти. Слично напредувала и продажбата на домашниот пазар, каде што 292.103 продадени возила претставуваат зголемување од 11,5 проценти во споредба со првото полугодие лани.

Досегашниот рекорд за прво полугодие беше постигнат во 2014 година, кога беа продадени 1.546.850 возила.

Растот во продажбата е заслуга на СУВ-моделите, Sportage со 260.485 примероци и Seltos со 157.188 примероци за шест месеци. Трет е луксузниот Sorento со 115.644 возила.

Сите клучни пазари постигнаа рекордни резултати за првото пологодие. Во САД до завршетокот на јуни биле продадени 415.708 возила, во Европа се испорачани 318.753 возила, а одлични резултати пријавува и Индија, каде што биле продадени 136.108 возила.

Досегашните рекорди по региони:

  • САД во 2015 година, 358.091 возила
  • Европа, во 2022 година, 280.993 возила
  • Индија, во 2022 година, 121.823 возила.

Без Јужна Кореја, Sorento исто така е најпродаван модел на извозните пазари, со 224.401 примероци. По него следи Seltos со продадени 130.244 возила, а трет најпродаван модел е лимузината K3, на повеќе пазари позната под моделското име Forte, со продадени 100.781 примероци.

Луксузно на домашниот пазар

На домашниот пазар, Kia исто така постигнала рекордно прво полугодие, со 292.103 продадени возила и раст од 11,5 проценти. Таму пазарот го предводи престижниот семеен ван Carnical, со 39.350 продажби. Втор е СУВ-знаменосецот Sorento, со 36.558 примероци, Sportage го заокружува топ-триото со 36.084 примероци.

Според неофицијални податоци, од Kia Sportage на македонскиот пазар се продадени 94 примероци до завршетокот на мај

За втората половина од годината, Kia очекува уште поголем раст, благодарeние на лансирањето на електричниот СУВ-модел и знаменосецо EV9, еден од ретките модели со електричен погон што е достапен со три реда седишта.

Претходна објаваVolkswagen вложува милијарда евра во Јужна Америка
Следна објаваGreat Wall Motor потпиша договор со Inchcape, најголема дистрибутерска мрежа во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here