Од 1-ви септември, извршен директор на Audi станува Герно Делнер. Тој досега раководеше со стратегијата на продукти и на концернот, како и со генералниот секретаријат на концернот Volkswagen.
Голем потрес во Audi! Извршниот директор Маркус Дусман ќе мора да ја напушти компанијата на 1-ви септември годинава. Претседателот на управниот одбор ќе биде заменет со Герно Делнер, којшто досега раководеше со стратегијата за производи и со стратетијата на концернот, како и со генералниот секретаријат во концернот Volkswagen. Инголшат официјално ја објави веста попладнево.
Новиот шеф на Audi, Делнер, изјави: „Многу се радувам за новата должност. Audi е фантастична компанија со долга традиција. Заедно со целиот тим на Audi сакам да ја создавам иднината на компанијата.“
На заминувањето на Дусмам претходеа неколумесечни внатрешни расправии во концернот, околу стратешката определба. Според пишувања на неколку медиуми, група од раководството ја издејствувала смената на Дусман.
https://twitter.com/auto_schmidt/status/1674421861042753536?s=20
Неодамна објавивме за големите планови што ѝ престојат на баварската марка, со важни новитети што чекаат датум за премиера.
















