Renault ги подига плановите, расте побарувачка за Austral

Renault ги зголеми предвидувањата за добивката за годинава, откако новите модели на пазарот наидоа на повисока побарувачка од очекувањата. Главната заслуга е кај компактниот СУВ-модел Austral и во оригиналниот кросовер Dacia Jogger.

Според поместените планови, француската групација сега цели на оперативна маржа од 7 до осум проценти, наспроти шесте проценти со првичните планови. Тоа е повисоко и од предвидувањата на пазарните аналитичари, коишто очекуваа Renault годинава да постигне оперативна маржа од 6,2 проценти.

Приливот на готови пари од автомобилската продажба за годинава ќе изнесува 2,5 милијарди евра или повеќе, додека според првичните планови се предвидуваа 2 милијарди евра, соопштуваат од Renault.

Renault ќе претстави 18 нови модели до 2025 година, со цел да го зголеми својот удел на европскиот пазар и да фати повеќе залет во време кога светот преоѓа на електричен погон.

Групацијата во којaшто спаѓаат уште Dacia и Alpine, ги зголемува очекувањата во време кога забавува продажбата на нови автомобили на пазарот, посебно во Европа, којашто е главниот пазар за Renault. Купувачите тука се соочуваат со висока инфлација.

Во моментов, полните книги со нарачки кај повеќето производители на автомобили, по годините во коишто продукцијата заостануваше зад побарувачката, поради прекинот во испораката на делови од добавувачите, помага концерните да го премостат периодот во којшто е забавена побарувачката за нови возила.

Новите модели, како Renault Austral или Dacia Jogger, се продаваат подобро од очекувањата, и тоа е одлична вест за Renault. Во исто време, инвеститорите го насочуваат вниманието кон продажбата на целосно електричниот Megane E-Tech. Тоа е клучен модел, во овој период додека Французите се подготвуваат својот огранок за електрични автомобили Ampere да го пуштат на берзата, преку првично јавно наддавање.

Renault и останатите европски производители се најдоа под силен притисок, откако Tesla агресивно си намали цените за своите возила и направија Tesla Model Y, најпродаваниот автомобил воопшто во Европа, во последниот квартал, да чини исто колку Megane E-Tech.

Според Даниел Реска, аналитичар во Bernstein, Renault „сега има избор да чека најдобро време“ за својот нов огранок за електрични автомобили Ampere да го пушти на берза.

До евентуално одложување на првичното јавно наддавање за Ampere може да дојде поради малото доцнење со електричниот R5, којшто според новите планови ќе биде претставен во третиот квартал годинава, неколку месеци подоцна од првичните планови.

Видео од тестот на Renault Austral

Првата половина од следната година веројатно ќе биде најдобар момент за берзанскиот старт на Ampere, кажа неделава директорот за финансии на Renault, Тиери Пиетон. Претходно, компанијата кажа дека продажбата на акции во Ampere би можела да се случи пред завршетокот на годинава.

Компанијата заврши со одвојувањето на својот огранок за мотори со внатрешно согорување, како дел од планот за традиционалниот бизнис да се подели во кинеската групација Geely (Volvo, Polestar & Co) и со Saudi Aramco. Новиот огранок за возила со мотори со внатрешно согорување ќе почне со работа на 1-ви јули.

Претходна објаваБритански возачи ценат дека Suzuki е најиздржлива марка
Следна објаваAudi доби нов шеф, Дусман заминува на 1-ви септември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here