Дилерите во Италија сами си преземаат автомобили од фабриките на Stellantis

Stellantis постигна договор со италијанските дилери, за производителот на автомобили да може да ја забрза испораката на возила, во време додека Европа се соочува со долготраен прекин во логистиката.

Со договорот, потпишан пред шест месеци, дилерите директно ги преземаат новите автомобили од фабриките, место концернот Stellantis да ја организира дистрибуцијата. Проблем е недостигот од возачи на камиони, поради воените случувања во Украина.

Санто Фичили, директор на Stellantis за Италија, посочи дека главнината од возачите на транспортерите за автомобили се Украинци. Недостигот од возачи ги погодува сите производители на автомобили во Европа.

„Замоливме дилерите да ни помогнат и веднаш најдовме решение“, изјави Фичили на маргините на автомобилската конференција во Милано. „Секако дека им плаќаме за услугата, се спогодивме за надоместокот.“

Италија е меѓу првите европски држави што изнајде такво решение. Договорот со италијанските дилери, коишто покриваат близу 20 проценти од дневните испораки на возила од Stellantis во Италија, применет е во уште неколку држави.

Фичили посочи дека договорот ќе заврши откако логистиката ќе се врати во нормала, што според него би се случило за брзо време.

Stellantis врши и обука на своите вработени за возачи на камиони, а постигна и договор со производителот на камиони Iveco и со италијанскиот производител на полуприколки Rolfo, да ја откупи целата продукција на камиони за транспорт за автомобили.

Вработените во Stellantis уште немаат започнато со служба како возачи на камиони, затоа што мораат да ја минат целата обука, што трае четири месеци.

Претходна објаваЛани во светот биле продадени повеќе од 10 милиони електрични автомобили
Следна објава3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија: Домаќинската тура

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here