Во првите три месеци од годинава, од кинеските фабрики за автомобили се извезени 1,07 милион автомобили ширум светот, што е повеќе отколку што во истиот период извезла Јапонија, долгогодишен најголем извозник на возила во светски рамки.
Кина во првиот квартал извезе повеќе автомобили на светскиот пазар од која било друга држава. Тоа се должи најмногу на огромниот раст во побарувачката за нови возила на рускиот пазар.
Од фабриките за автомобили во Кина во првите три месеци од годинава се извезени 112.000 возила во Русија. Тоа е приближно иста количина возила колку што Кина извезе на рускиот пазар во цела 2022 година. Западните производители на автомобили масовно ги прекинаа испораките на возила за Русија, поради воените случувања во Украина.
Кинеските марки послабо успеваат да ги освојат пазарите во Европа и САД. Лани тие извезоа само 900.000 возила. Аналитичарите сепак преддвидуваат дека извозот од Кина на пазарите во Европа и САД ќе се зголеми за 67 проценти до 2026 година, додека компаниите од ковот на BYD и Xpeng притискаат сé посилно за да ги освојат тие пазари.
„Веруваме дека сега е време кинеските марки да започнат со своето силно влијание врз западните пазари,“ цени Стивен Дајер, директор на консултантската куќа AlixPartners во Шангај и поранешен директор во Ford.
China has the world's largest car industry (about 27m units/year) and Russia is now its biggest export market: pic.twitter.com/SoQZm2ePr4
— David P. Goldman (@davidpgoldman) March 29, 2023
AlixPartners очекуваат дека светската продажба на патнички автомобили и доставни возила годинава ќе се зголеми за 5 проценти, главно поради растечката побарувачка за електрични возила. Растот во САД ќе достигне 10 проценти, во Европа се очекуваат шест проценти и раст од три проценти во Кина.
[the_ad id=”73735″]
На најголемиот автомобилски пазар во светот, домашните производители е мошне веројатно дека за првпат во последните четири децении ќе продадат повеќе возила од странските ривали. Аналитучарите напоменуваат дека кинеските марки нудат понапредна технологија во своите возила, што посебно ги привлекува купувачите.
















