Кинескиот концерн Great Wall Motor летово започна со продажба на Tank 500 во Обединетите Арапски Емирати. Почетокот на продажбата на знаменосецот на марката Tank беше одбележан со свеченост во Дубаи. Уште еден голем и растечки пазар, на којшто производителот што на македонскиот пазар го знаеме по Haval, наидува на одлична прифатеност.
Два модели им беа претставени на присутните гости на свеченоста во Дубаи по повод почетокот на продажбата на Tank 500, врвен модел од марката на концернот Great Wall Motor, што е специјализирана за теренски возила.
Тоа што посебно им остава впечаток на тамошните купувачи кај моделите на Tank се скапиот и луксузен изглед, како и моќните перформанси. Тоа секако дека се однесува повеќе на Tank 500. Вториот модел што им беше прикажан на гостите е Tank 300, незначително помал и поедноставен модел, што веќе извесно време е во продажба на тамошните пазари.
Според Гаутам Арун, продукт директор за GWM во регионот на Средниот Исток, моќта на Tank 500 е во тоа што „возилото на GWM поседува квалитети и за град и за терен, благодарение на својата напредна технологија, што обезбедува исклучителен баланс меѓу перформанси и комфор“.

Tank 500 се сместува во сегментот на СУВ-модели од високата луксузна класа и според производителот воведува нова категорија во тој сегмент. Возилото се темели врз платформата Tank и нуди висока моќност, интелигентен погон на сите тркала, заедно со висок комфор и безбедност.
Петметарскиот Tank 500 располага со мотор 3.0 V6 со турбонатполнење и 48-волтен благ хибрид, со 360 КС и вртежен момент од 500 Nm, во комбинација со 9-степен автоматски менувач; Најскапата изведба во Кина чини 395.000 јуани, односно околу 51.500 евра
Механичката блокада на диференцијал се вклучува со едноставно пристискање копче, за Tank да може да продолжи, откако едно тркало ќе се најде во воздух. Од системите е тука и Off-road Creep Mode, односно режим за возилото самостојно да се движи со мала брзина.

Во внатрешноста пречекува луксузна средина и површини обложени со плиш, како и средишен дисплеј од 14,6 инчи.
Следни пазари на коишто GWM ќе ги понуди своите „тенкови“ се Саудиска Арабија, Оман, Бахреин и Куваит.
View this post on Instagram
Паралелно се работи и со лансирање на останатите марки на концернот во различни региони ширум светот. Неодамна на пазарот во Чиле започна продажбата на изведбите на Haval H6 и Jolion со хибриден погон. Летово се очекува моделите да се појават и на македонскиот пазар.
















