Мак Аутостар со марките Mercedes и Fuso на Саемот за транспорт во Скопје

По неколку аматерски обиди од разни групи на интереси, да се организира саем по улици и молови, што завршија како дебакл, едно име што им значи многу на бројни генерации, деновиве се враќа на автомобилската сцена како организатор на Саем за транспорт, во комплексот Борис Трајковски во Скопје. Настанот минува одлично, меѓу големите компании што присуствуваат се вбројува и Мак Аутостар, коишто изложуваат возила од две марки, Mercedes-Benz Trucks и Fuso.

Тоа што S-Class е меѓу лимузините, Actros е меѓу камионите. Тоа е едно од најмоќните имиња на сцената, иако Mercedes-Benz Trucks во својата понуда ги има уште Antos, Arocs, Atego, Axor, а секако и Unimog, Econic и експедицискиот Zetros. Дури и тоа е само половина од понудата, затоа што во групацијата спаѓаат и Mercedes-Benz Buses, со познатите Citaro, Conecto, Intouro, туристичката легенда Tourismo. Посебен свет, несомнено, од оној што светот го познава преку автомобилите со сребрената ѕвезда. Но, начелата што се почитуваат се исти и во автомобилската, и во товарната групација.

На Саемот за транспорт, Мак Аутостар изложува два примероци од својот знаменосец Actros. Едниот е во изведба Prime Edition и негова одлика е тоа што располага со помал обем на ставки, со цел да се понуди најдостапната можна цена во гамата на тегначот. Втората изведба е Actros L, како најголем и најпрестижен сериски модел во гамата, опремен со изобилство ставки што обезбедуваат релаксирано возење, комфорен престој и ефикасна работа.

Тоа што посебно привлекува внимание е системот од дигитални ретровизори Mirrorcam, со којшто е опремен салонскиот примерок. Станува збор за релативно нова изведба, којашто почна да се произведува во ноември 2021 година.

Кабината на Actros L се нуди во варијанти StreamSpace, BigSpace и GigaSpace, коишто се одликуваат со врвна просторност, благодарние на ширината од 2,5 метри. Исто и звучната изолација на кабината е потемелна во споредба со основните модели. Мошне импресивна е сликата што се добива за целиот простор околу возилото со дигиталните ретровизори. Тоа на што Mercedes-Benz внимава посебно е вградувањето системи со коишто се спречува незгода со пешак или велосипедист во просторот десно од кабината.

Изложениот модел е од типот 1845 LS, со 12,8-литарски мотор со 449 КС и кабина Big Space. Еден многу познат и актуелен детал од лимузините на Mercedes-Benz се дигиталните инструменти. Графиката и корисничниот интерфејс се идентични со автомобили, вклучувајќи го и средишниот дисплеј, којашто служи за изобилство од функции. Гаранцијата е 450.000 километри или 3 години, редовното сервисирање е на секои 120.000 километри. Цената на моделот изнесува околу 110.000 евра.

Покрај двата колоси Actros се наоѓа и Fuso Canter од новата генерација. Тоа е товарно возило што веќе станува забележливо по улиците и во својот возен парк го користат Тинекс, Веро, Колид С и уште бројни компании. Посебноста на изложениот примерок е во надградбата што е изработена од познатите Сатра. Fuso е препознатлив на сцената и по електричниот eCanter, којшто исто така неодамна стартуваше во нова генерација.

Од Mercedes-Benz Vans доаѓаат четири познати моделски имиња: Новиот Citan, за којшто се решаваат сé поголем број компании, но и приватни купувачи (на саемот е излочена токму патничката изведба Tourer), потоа луксузната V-Class, наменета за компании што вршат превоз на отмена клиентела, и Sprinter во две изведби, како фургон и отворена платформа.

Тоа што прави тимот на Мак Аутостар да биде успешен и во делот на товарните возила, секако се услугите. Во тој свет е јасно дека не се во прашање само возилата, туку целата услуга што важи практично за целиот век на користење на возилата.

Организацијата на настанот и покажаниот интерес од големите компании за присуство на Саемот, придружено со беспрекорно рекламирање, за јавноста, но и клиентите да бидат информирани, треба да ги охрабри организаторите да ни подготват и нов Аутоекспо.

Претходна објава3000 km со електрична Toyota bZ4X низ Македонија: Попова Шапка
Следна објаваГерманија: Помалку нови полначи по улиците, луѓето си полнат дома

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here