Kia ветува врвна климатизација во електричниот седумсед EV9

Kia во втората половина од годинава ќе започне со испорака на новиот знаменосец EV9 на неколку избрани пазари ширум светот, главно земји што имаат поголем удел на електрични возила во продажбата. Електричниот СУВ со три реда седишта мина обемна серија тестирања во сите можни временски услови, вклучувајќи екстремен студ во Шведска, и екстрамна жега во Шпанија.

Главниот момент во климатизацијата во EV9 е во топлинската пумпа. Таа ја користи топлината од електромоторот и од батеријата, за загревање на кабината. На тој начин се намалува потребата од дополнително догревање, а тоа значи и поштедување на батеријата и постигнување подолг досег.

Техничарите на Kia развија и нов систем за ракување со климатизацијата, а посебност на EV9 се и четирите отвори за воздух во самиот таван. Тоа е со цел да се подобри струењето на воздухот во огромната кабина со простор за седум патници.

Топлинската пумпа во основа работи слично како домашен ладилник за храна, само обратно: Кога надвор е студено, пумпата прави во кабината да биде топло.

Два посебни клима уреди се грижат за добра клима на предните и на задните седишта. Покрај тоа, предните седишта и надворешните седишта во средниот ред стандардно располагаат со вентилација и греење.

Според Грегор Крумбек, менаџер за маркетинг во Kia Europe, „двата независни клима уреди не само што се грижат за подобар комфор, туку и ја смалуваат потрошувачката на струја. Преку исклучување на климатизацијата кога седиштата се празни или патниците не сакаат климатизација, се заштедува енергија.“

Делотворна заштита од појава на бактерии и миризба

Клима уредот на EV9 продолжува да работи по исклучувањето. На тој начин се спречува создавање кондензирана вода, а со тоа понатаму се спречува и појава на бактерии и непријатен мирис.

Досегот на Kia EV9 изнесува 541 километар, а благодарение на 800-волтната мрежа, батеријата за 15 минути полни енергија за 239 километри пат при достапност на ултра брз полнач. Седиштата може да се постават во најралични положби, за патниците да се релаксираат додека се чека батеријата да се наполни.

До 2027 година, Kia ќе ја прошири својата понуда на вкупно 15 батериски електрични модели. До 2030 година, продажбата на годишно ниво се предвидува да достигне 1,6 милион чисто електрични возила.

Претходна објаваШведска ќе изгради 3.000 km електричен автопат
Следна објаваДиректорот на Opel, Флориан Хутл: „Електромобилноста е нашиот стратешки компас“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here