Аналитичарите на автомобилската индустрија предупредуваат, дека со преоѓањето од фосилни горива на батериски погон, се загрозуваат илјадници работни места во фабриките за монтажа на автомобили.
Логиката е во тоа што електричните возила имаат помалку делови, па соодветно на тоа е потребно помалку време за возилото да се произведе, а исто и потребата од работна сила е помала.
Во раните денови на оваа пресвртница, тоа не е случај во фабриката на Mercedes-Benz во Венс, Алабама. Во оваа фабрика се одвива главното производство на електричните модели EQS и EQE, вклучувајќи ги нивните СУВ-изведби.
„Во минатото изнаслушавме бројни дискусии, во коишто народот стравува дека преоѓањето кон електричната иднина би чинело илјадници“ работни места, изјавува Михаел Гебел, извршен директор на Mercedes-Benz U.S. International. Во оваа фабрика во САД се вработени 6.300 лица.
„Засега не гледаме дека тоа е случај, барем не во завршната монтажа,“ коментира Гебел. „Навистина не постои голема разлика во времетраењето на производството.“
Тој кажа дека монтажата на електрични возила не е „радикална промена“ во споредба со монтажата на возило со мотор со внатрешно согорување.
„Основните работи околу стегањето, поврзувањето или лепењето се истите процеси,“ објаснува директорот.
Thanks to Mercedes-Benz President Michael Göbel and team for hosting me at the Vance plant today, and for creating thousands of good jobs for Alabama. pic.twitter.com/kzwERuJpkm
— Coach Tommy Tuberville (@SenTuberville) April 5, 2023
Најголемата разлика е во производството на клучната компонента што испорачува енергија за електричното возило – во батерискиот модул.
„Зборуваме за толеранции и точност коишто не ни се толку вообичаени во производството на автомобили,“ споредува Гебел.
Обука за електрични возила
Вработените во производството во фабриката на Mercedes мораат забрзано да учат за погонската технологија.
„Секој мора да мине обука за безбедност, затоа што сега имаме високонапонски систем во автомобилот,“ објаснува Гебел. „Вложуваме во часови обука, за да осигураме дека членовите на тимот разбираат кои подрачја од возилото се опасни.“
Лани Mercedes отвори фабрика во којашто вработените поставуваат батериски модули во подот на СУВ-моделите од семејството EQ.
Додека експлодираат цените на материјалите за батериите, како што се литиумот и кобалтот, производителите на автомобили се свртуваат кон директорите на фабриките, за да се скусат трошоците на производствената лента и на тој начин да се овозможи цените на електричните возила да бидат споредливи со нивните пандани со обичен мотор.
„Мораме да станеме поефикасни во светот на производсвото; Убеден сум дека за можеби пет или 10 години ќе постои поевтин и побрз начин да се врши монтажа на електрични автомобили,“ коментира Гебел
Луксузната марка очекува дека половината од продажбата во 2030 година во САД ќе ја остварува со електричните возила. Дотогаш, Mercedes има за цел да достигне продажба од 45.000 примероци електрични возила од подмарката EQ во САД.
За да се достигнат амбициозните цели, Mercedes во изминатите неколку години вложи околу една милијарда долари во својата фабрика во Алабама. Фабриката во Венс е една од седумте производствени локации за електрични автомобили на три континенти и има изгледи годинава да произведе повеќе од 100.000 електрични возила. Годишниот капацитет на фабриката изнесува 305.000 возила.
Во неизвесност околу тоа каква ќе биде побарувачката за новата погонска технологија, Mercedes почна своите EQ-модели да ги произведува во ново крило во фабричкиот круг, покрај автомобилите со мотори со внатрешно согорување
JUST IN: Mercedes Benz showcasing the all electric Mercedes EQ vehicle: Officials at Mercedes Vance facility in Tuscaloosa County gave the media a tour of the assembly line where the all new electric vehicles are being built pic.twitter.com/rxqN3I3bka
— Tim Reid (@reidreporterguy) August 25, 2022
„Во почетокот на трансформацијата од мотори со внатрешно согорување кон електрични возила, не бевме сигурни како се движи пазарот, и поради тоа сакавме да имаме флексибилност,“ објаснува Гебел.
Но, потребни беа само три месеци, за директорите на Mercedes да се уверат дека ја потцениле побарувачката, вели Гебел.
„Доаѓаме до волумен кога ни е потребна целата фабрика само за да произведуваме електрични автомобили,“ посочува директорот.
















