Кувајтскиот државен фонд близу пет децении е еден од најголемите и најважни сопственици на удел во германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz. Голфската држава ќе го смали својот удел за околу една четвртина и пушта во оптек 20 милиони акции.
Фондот во моментов поседува 6,8 проценти од акцискиот капитал на Mercedes и со тоа е трет најголем единечен акционер. Со таргетирана цена од 69,27 евра по акција, кувајтските инвеститори ќе постигнат промет од 1,4 милијарда евра. Државата ќе задржи 53 милиони акции и ќе поседува околу пет проценти удел.
Од Mercedes-Benz објаснуваат дека навреме биле информирани за плановите на Кувајт за продажба на акциите. Државниот фонд што е ангажиран во Mercedes уште од 1970-те години, го образложува овој чекор со новата стратегија за диверзификација. Намерата е акциите да се распоредат во пошироко подрачје.
Двата најголеми акционери во Mercedes-Benz се кинескиот партнер BAIC со удел од 9,98 проценти и шефот на Geely, Ли Шуфу, со удел од 9,69 проценти. Шуфу неодамна го смали својот удел во производителот на камиони Daimler-Truck од 6,3 проценти.
Четири милијарди евра за програмата на откуп на акциите
Промени има и со најавата за откуп на акциите што Mercedes-Benz ја најави пред неколку недели. Почнувајќи од март 2023 година, сопствените акции во вредност до четири милијарди евра, ќе се откупат на берзата во период до две години и потоа ќе бидат повлечени, соопшти концернот.
The Kuwait Investment Authority launches a sale of about 20 million shares in Mercedes-Benz — roughly a quarter of its stake — after the carmaker’s stock almost quadrupled over the last three years https://t.co/Q2ovdCIejP
— Bloomberg Middle East (@middleeast) March 29, 2023
Програмата за откуп на акциите се темели врз овластувањето од годишната акционерска конференција на Mercedes-Benz Group од 8-ми јули 2020 година. Управниот одбор, со согласност на надзорниот совет, доби овластување до 7-ми јули 2025 година да ги купи сопствените акции во обем до десет проценти од основниот капитал.
Курсот на акциите реагираше на веста дека кувајтскиот државен фонд го продава својот удел со раст од 2,5 проценти. Во средата наутро, акцијата на Mercedes-Benz вредеше 70 евра. Од последната најниска вредност во октомври 2022 година, со 52 евра, акциите постигнаа значителен пораст.
















