Хакери му вршат рекет на Ferrari

Ферари Пуросангуе

Италијанската луксузна марка Ferrari била изложена на хакерски напад. Компанијата добила уцена да исплати одредена сума пари, за подaтоците од клиентите да не доспеат надвор од компанијата. Ferrari излезе со соопштение за случајот.

По добивањето на барањето за откупнина, концернот со седиште во Маранело, на северот на Италија, итно дал налог до „светски водечка компанија за кибер-безбедност“ да почне истрага и ги информирал надлежните органи за безбедност.

На органите ќе им се обезбеди „сé што е потребно, за да ја спроведат истрагата“. Нападот не влијае врз тековните деловни активности, се наведува понатаму во соопштението.

Ferrari нема да се впушти во исплата на рекетот, затоа што „согласувањето на таква изнуда ги финансира криминалните активности и на злосторниците би им овозможило да продолжи со своите напади“, категорични се во Маранело. Клиентите ќе добијат известување дека постои можност да се загрозени нивните лични податоци.

Претходна објаваLamborghini нема да оди на берза
Следна објаваОвој автомобил на Kia е електричниот брат на Sorento

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here