Шефот на Renault цени дека Европа заостанува со технологијата

Конкурентните производители на автомобили од Кина и од САД добиваат масивна поддршка од владите во своите држави. Европа мора итно да реагира, за да може да напредува со технологијата.

Претседателот на европското здружение на производители на автомобили Acea и шеф на управниот одбор на Renault, Лука де Мео, повикува владите на државите во ЕУ итно да преземат мерки, за конкурентноста на европската индустрија да се подобри.

„Европа и нејзината автомобилска индустрија се наоѓаат на пресвртница. Предизвиците се огромни, исто како и притисокот врз автомобилската индустрија“, изјави де Мео во вторникот, во функција на претседател на Acea. Изјавата доаѓа неколку денови пред самитот на ЕУ што се одржува в четврток и петок неделава.

„Повеќе не ја предводиме технолошката трка“, критичен е де Мео во процената на конкурентсноста на Европа. „Додека поттикнувањата за купување возила со нулта емисија во Европа исчезнуваат, во исто време гледаме како нашите конкуренти во Кина и во САД добиваат масивна поддршка. Сето тоа се случува во контекст, којшто ја еродира конкурентноста на Европа.“

Напливот од закони ги сопира иновациите

Генералната секретарка на Acea, Сигрид де Врис, се надоврза на критиката од де Мео за законодавството на ЕУ, во поглед на темите за пречистување на издувнните гасови, одржливоста, синџирите за набавка и управувањето со корпорациите. „Не ја доведуваме во прашање легимитноста на сите овие иницијативи, но огромната количина од закони во изминатите години прерасна во проблем за индустријата… Европа може и треба да располага со подобро, покохерентно и реалистички достижно законодавство.“

Најдобар пример за сложеноста што оптоварува е планираната регулатива за емисија на штетни материи Еуро 7, којашто оневозможува да се вложува во иднината.

Претходна објаваMercedes вложува милијарди во фабриките во Германија, Кина и Унгарија
Следна објаваLamborghini нема да оди на берза

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here