Автомобилската корпорација Toyota со забрзано темпо се ослободува од секаква емисија на СО2 во своите фабрики. Во јапонската префектура Фукушима, компанијата по пат на електролиза на вода произведува чист водород од обновлива природа.
Toyota во соработка со добавувачот Denso, којшто е дел од групацијата Toyota, разви постојка за електролиза, којашто со помош на електрична енергија ги раздвојува молекулите на водата на кислород и водород.
Повеќе од 90 проценти од технологијата што светот ја познава – но и ја користи – во Toyota Mirai, и во останатите возила со погон со горивни ќелии, може да се користат при постапката на производство на водород во постројката за електролиза.
Предноста е во тоа што,компонентите на т.н. стакови од горивни ќелии од лимузината Toyota Mirai, веќе ја имаат докажано својата издржливост и постојаност во безбројни работни часови и во најразлични подрачја на примена.
Водородот што е произведен на одржлив начин, по пат на електролиза, може да се користи во печките во фабриката на Denso. Во тие печки досега се користеше обичен гас. Тоа е одличен пример за декарбонизација на производствените капацитети.
На патот да се постигне неутралност во поглед на климата, на зелениот водород му се придава решавачко значење. Toyota развива и произведува системи со горивни ќелии во коишто се користи водород, за патнички автомобили, камиони и автобуси. Но, технологијата на водородниот погон се применува и за стационарни генератори на струја.
Целата смисла за одржливоста на животната средина се заокружува, со тоа што водородот се превезува со камиони, што и самите користат погон на водород. Toyota соработува со партнерски компании, за производството, транспортот и складирањето и користењето водород, да го усоврши и да го унапреди во најдобриот вид на погон што е познат на планетата Земја.
Освен со електрична енергија и електролиза, водородот може да се произведува и со помош на биогас од животински фарми. Toyota веќе има започнато таков проект во Тајланд.
















