Шефицата на Mercedes-Benz Truck го продолжи договорот до 2029 година

Вест точно во духот на 8-ми март, но два дена подоцна, како уверување дека секој ден е Ден на жената. Надзорниот одбор на холдингот Daimler Truck, две години пред истекот на тековниот договор, ѝ го продолжи ангажманот на Карин Радстром, членка на управниот одбор на Daimler Truck, за уште пет години.

Надзорниот одбор на Daimler Truck Holding AG („Daimler Truck“) ѝ го продолжи договорот за работа на Карин Радстром за уште пет години, по завршеткот на тековниот договор, којшто важи до 31-ви јануари 2024 година. Како членка на управниот одбор, Карин Радстром од 1-ви февруари 2021 година е одговорна за марката Mercedes-Benz Trucks и за регионите Европа и Латинска Америка.

Џо Кезер, претседател на надзорниот одбор на Daimler Truck Holding AG, по овој повод коментира: „Карин Радстром постигнува одлични резултати и успешно ја пробиваше марката Mercedes-Benz Trucks во тешки услови. Тоа што Кезер понатаму гo цени кај шефицата на камионската марка Mercedes-Benz е посебната посветеност кон клиентите и диверзификацијата.

Карин Радстром ја почна својата кариера во 2004 година во Scania, по стекнувањето на титулата магистерка по инженеринг во индустриски менаџмент на Кралскиот Технички Универзитет во Стокхолм. Од 2007 година, Швеѓанката извршуваше раководни позиции во продажната и сервисната организација во Scania. Од почетокот на 2021 година, Радстром работи за Daimler Truck.

Претходна објаваФабрика на Toyota произведува со струја добиена од водород
Следна објаваPeugeot 9X8 годинава вози полна сезона во трките во издржливост

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here