Чешка ги повикува државите на ЕУ на средба околу законите за штетна емисија

Република Чешка ги покани министрите за транспорт од 11 држави на Европската Унија, на средба во Стразбур в понеделник. На средбата ќе се разговара околу политиката за намалување на емисијата на штетни материи, во време додека се води спор за радикалната политика на ЕУ, за префрлување на возила со електричен погон.

На средбата се поканети Германија, Италија, Франција, Шпанија, Полска, Унгарија, Словачка, Португалија, Романија, Словенија и Финска. Уште не е потврдено кои министри ќе присустуваат на средбата.

На средбата првично беше планирано да се разговара за предложениот закон на ЕУ, со којшто се воведуваат уште построги ограничувања за емисијата на штетни материи од возилата. Ограничувањата се однесуваат најмногу на емисијата на загадувачите што се штетни по здравјето, како што се азотните оксиди. Тоа се однесува на идната норма Еуро 7.

Република Чешка, заедно со уште неколку држави и групи од индустријата, бараат да се смени законот. Тие ценат дека законот е нереален и дека е прашање дали од законот воопшто ќе можат да произлезат придобивки за животната средина.

Неколку претставници од ЕУ кажаа дека очекуваат на средбата да биде разговарано за ставовите на државите околу законот на ЕУ, со којшто во 2035 година се става крај на продажбата на нови автомобили што испуштаат СО2.

Клучната политика на Унијата, којашто има за цел Европа побрзо да префрли на електрични возила, ставена е во мирување, откако Германија во последна минута излезе со став дека се противи на таа политика.

Министерот за транспорт на Чешка, Мартин Купка, по средбата со неговиот германски колега Фолкер Висинг во минатата недела во Берлин, кажа дека земјата бара да се направат промени во законот, со којшто се забранува продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување по 2035 година.

„Нема да го подржиме лимитирањето на моторите со внатрешно согорување по 2035 година, освен ако не се направи јасен и обврзувачки исклучок за синтетските горива,“ објави Купка на својот профил на твитер. Тој во понеделник ќе се состане со своите колеги.

Германскиот министер Висинг порачува: „Заштитата на климата ќе успее само доколку постои отвореност за нови технологии и иновации“

Германското министерство за транспорт во минатата бедела побара гаранции дека ќе биде дозволена продажбата на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување и по 2035 година, доколку тие користат горива што се неутрални во поглед на СО2.

Оваа побуна ги изненади политичарите, затоа што Европскиот Парламент, Комисијата и државите членки, лани веќе се сложија околу законот за СО2 за автомобили, по преговорите што траеја цел месец.

Законот требаше да стапи на сила по завршното гласање на 7-ми март, но тоа беше одложено, откако Германија се спротивстави. Нов датум уште не е утврден.

Меѓу останатите држави што се спротивставуваат на законот за СО2 за автомобили се Италија, Полска и уште неколку земји, чијашто бројност почна да се зголемува, откако Германија, како најголема економија во Унијата, искажа противење за законот. Со тоа се зголеми и поддршката за можно блокирање на законот.

Претходна објаваКонцернот Stellantis гради фабрика во Јужна Африка
Следна објаваФабрика на Toyota произведува со струја добиена од водород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here