Концернот Stellantis гради фабрика во Јужна Африка

Именуван по латинскиот збор за нешто што се осветлува од ѕвездите, концернот Stellantis потпиша преддоговор со владата на Јужна Африка, за својата прва фабрика во земјата, чијашто изградба треба да заврши до крајот на 2025 година.

Договорот предвидува новата фабрика да се гради во една од слободните економски зони во Јужна Африка. Во денешното соопштение од концернот, главниот оперативен директор на Stellantis за Средниот Исток и Африка, Самир Черфан, наведува понатаму дека „производствената фабрика во Јужна Африка ќе биде нов градежен блок во нашата стратегија за индустријализација, којашто вклучува план да продаваме еден милион возила во регионот до 2030 година, со 70 проценти од самостојно регионално производство и којашто ќе нé доближи до потребите на нашите клиенти во регионот“.

Stellantis во моментов располага со девет фабрики во регионот МЕА (Средниот Исток и Африка), во којшто се опфатени 80 држави, вклучувајќи ги Турција и Пакистан.

Во новата фабрика се очекува да се произведуваат возила и за локалниот пазар и за извоз.

Stellantis во почетокот на месецов го објави договорот со турскиот партнер Koc Holding, со којшто се планира натамошно проширување на нивната заедничка компанија Tofas.

Концернот Stellantis го сочинуваат автомобилските марки и услужните компании:

  • Abarth
  • Alfa Romeo
  • Chrysler
  • Citroën
  • Dodge
  • DS Automobiles
  • Fiat
  • Jeep
  • Lancia
  • Maserati
  • Opel
  • Peugeot
  • Ram
  • Vauxhall
  • Free2move и
  • Leasys

 

Претходна објаваSuzuki Jimny го враќа духот на 1980-те, посебна верзија за Австралија
Следна објаваЧешка ги повикува државите на ЕУ на средба околу законите за штетна емисија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here