Tesla повторно поевтинува, тоа не им се допаѓа на сите

Дали ѝ се стемнува на Тесла: Тековната понуда од модели на производителот на електрични автомобили од САД.

Електричните автомобили на Tesla поевтинија во јануари, сега следи повторно намалување на цените во САД. Новите цени за најскапите автомобили во понудата, Model S и Model X, едноставно се појавија преку ноќ во конфигураторот на Electrek, без каква било најава.

Новата цена за електричната лимузина од виша класа Tesla Model S Long Range AWD во САД изнесува 89.990 долари. Моделот досега чинеше 94.990 долари. За уште поскапата изведба Model S Plaid, најсилниот автомобил на Tesla, со три електромотори, новите сопственици исто така ќе треба да платат 5.000 долари помалку, односно 109.990 долари, место досегашните 114.990 долари.

Уште поголемо е поевтинувањето кај СУВ-верзијата Model X. Изведбата со продолжен досег и погон на сите тркала, отсега чини 99.990 долари. Тоа се цели 10.000 долари помалку од досега. За истиот износ се намалува и цената на Model X Plaid, којшто по ново чини 109.990 долари, место 119.990 долари.

Цените на Tesla се движат горе долу. Поради проблемите во синџирот за снабдување со компоненти, главно микрочипови, Tesla во изминатите неколку месеци повеќепати ги поскапуваше своите модели. Сега цените се движат во спротивната насока. Model S денес чини приближно колку во летото 2021 година.

Новите купувачи секако дека ќе се израдуваат за тоа што планираната набавка на нов автомобил сега ќе ги чини помалку. Меѓутоа, нема сите да бидат среќни со овој потег на американскиот производител. Напротив. Кон завршетокот на минатата година, купувачите во САД мораа да издвојат 138.990 долари за Model X Plaid со неговите 1.020 КС. Истиот автомобил сега чини околу 20 проценти помалку. Целата разлика во износот изнесува 29.000 долари. Тоа може само да ги разгневи сопствениците што купиле Tesla кон завршетокот на 2022 година.

Tesla образложува дека промената на цените се должи на „делумната нормализација на инфлацијата на трошоците“. Инсајдерите, пак, велат дека оваа стратегија не е друго, туку е намера да се забрза продажбата.

Големите менџери во браншата коментираат. „Се надевам дека Tesla ќе продолжи цените да ги смалува до нула, но ние и натаму ќе ја штитиме вредноста на нашите електрични автомобили,“ порачува Лука де Мео, извршен директор на Renault. „Кога се прави тоа, неповратно се уништува вредноста со којашто располагаат клиентите.“

Во Кина, поевтинувањата на Tesla дури доведоа до демонстрации, затоа што дел од клиентите ценат дека платиле премногу за автомобилите што ги набавиле пред менувањето на цените.

Претходна објаваKia Niro е Светски автомобил на 2023 година во избор на жените
Следна објаваШест од илјада: ЕУ лани регистрирала 1.656 нови електрични камиони

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here