Сосем е природно тоа што Toyota Hilux е најпродаван „автомобил“ во Австралија. Но, исто како што големата земја-континент се одликува со бројни посебности, така и Hilux во новата верзија GR Sport е различен за австралискиот пазар.
Toyota го направи уште посилен и уште повпечатлив својот најпродаван автомобил на австралискиот континент, пикапот Hilux. Верзијата GR Sport е круна во понудата на моделски изведби на Hilux, со нагласок на динамичноста при возење по терен, со уште повеќе КС, поширока трага, покрута суспензија и поголеми сопирачки дискови.
Сите зафати се направени врз основа на искуствата на GAZOO Racing во мотоспортот. Во останатите подрачја немаше што да се подобрува, затоа што Hilux е прочуен планетарно по издржливоста, по способноста за теренско возење, со конструкција што во старт е замислена да го издржи релито Дакар, како и по лесното управување и по солидните перформанси.
Во развојот на австралиската верзија на Hilux GR Sport учествуваа инженери од локалниот огранок на Toyota, која што се цени како светски водечки центар за теренски возила на Toyota. Нивните искуства беа споделени со искуствата на колегите во Латинска Америка, Тајланд и Јапонија.

GR Sport е најсилниот Hilux што досега има возено по континентот. Моторот од 2,8 литари е засилен за 10 проценти и располага со 165 kW, односно 224 КС, како и со вртежен момент од 550 Nm. Зафати се направени во турбо полнењето и во впрскувањето гориво.
Автоматикот менувач менува поспортски и подолго го задржува преносот, што се покажува во скусениот старт и во моќното повлекување од сите вртежи. На воланот се наоѓаат и контроли за менувачот.
Трагата на предната оска е поширока за 140 милиметри, на задната оска за 155 mm. Водилките се сменети, а задната оска е зајакната. Едноцевните амортизери се покрути, заедно со покрути пружини и сменет баланс меѓу двете оски.

Спортскиот пикап се нуди само во изведба со двојна кабина. Бројни зафати се извршени во изгледот, главно со цел за пикапот да заличи како победничкиот автомобил од Дакар.
Продажбата во Австралија почнува во втората половина од 2023 година.
Toyota HILUX GR SPORT – Технички податоци

Должина (mm) 5320
Ширина (mm) 2020
Висина (mm) 1880
Меѓуоскино растојание (mm) 3085
Ширина на трага напред (mm) 1675
Ширина на трага назад (mm) 1705
Агол на пристап (степени) 30
Агол на излез (степени) 26
Код на мотор 1GD-FTV (Hi)
Број на цилиндри, конструкција 4 цилиндри, во линија
Вентилски механизам DOHC 16V
Пречник х Од (mm) 92 x 103.6
Зафатнина (cm3) 2755
Гориво Дизел
Моќност (kW) 165
(rpm) 3000
Вртежен момент (Nm) 550
(rpm) 2800
Сопирачки Напред вентилирани дискови со 4 клипна клешта, назад вентилирани дискови со 1-клипна пливачка клешта
https://youtu.be/qdhmlagemKc
















