Fiat е најпродаваната марка во концернот Stellantis лани

Fiat 500 Dolcevita
Фиат 500 Долче Вита

Во минатата година, марката Fiat учествувала во вкупната продажба на возила од сите марки на концернот Stellantis со повеќе од 1,2 милион возила. Во Бразил, секој петти продаден автомобил лани е Fiat.

Концернот Stellantis, создаден со спојувањето на PSA Group и Fiat Chrysler, ги објави финансиските резултати за минатата година. Марката Fiat се докажа како најголем производител на автомобили во концернот. Тоа секако дека се должи на присуството на торинската марка на сите поголеми пазари ширум светот.

Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat и директор за маркетинг на Stellantis, кажува дека „Fiat уште еднаш го потврди својот успех во светски рамки, давајќи значаен придонес за резултатите на групацијата. Во поглед на бројот на продадени возила, Fiat е водечка марка во концернот, со повеќе од 1,2 милион примероци во минатата година. Освен матичната марка, во бројките од продажбата е вклучен Abarth, како и марката доставни возила Fiat Professional.“

Марката од Торино е неприкосновен лидер во Бразил, Италија и Турција. Најголемото изненадување за тие што не ја следат сцената на електричните автомобили. Fiat Nuova 500 е модел-шампион, со повеќе од 120.000 продадени примероци од лансирањето.

Fiat традиционално владее со пазарот на градските и мини-автомобили во Европа. Големо внимание на сцената привлекува електричниот Nuova 500, со повеќе од 66.000 продадени примероци во минатата година. Иконскиот модел е најпродаван батериски електричен модел во Италија лани, втор е во Шпанија и трет во Германија.

За успехот на Nuova 500 сведочи и податокот дека тој е трет најпродаван целосно електричен модел на 10-те најголеми пазари во Европа. Заедно со Panda, петстотката лани учествувала со дури 43,8 проценти во вкупната продажба на модели од градската и мини класата во Европа. Секако дека и домашниот пазар го потврдува успехот на Fiat, каде што марката има удел од 15,1 проценти.

Fiat е апсолутен лидер во Јужна Америка, со пазарен удел од 13,6 проценти и исто така е неприкосновен во Бразил, најважниот пазар за марката. Во 2022 година, таму се продадени повеќе од 430.000 возила, а пазарниот удел се искачил на 21,9 проценти. Не постои марка што во изминатата деценија постигнала повисок пазарен удел во Бразил, од Fiat лани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fiat Automóveis Brasil (@fiatbr)

Fiat продава во сите класи во Бразил и соодветно нуди модели што се во согласност со барањата и можностите на тамошните возачки и возачи. Во сегментот на градските модели, Fiat учествува со 24,7 проценти, потоа со 50% на пазарот на пикапи и со 37,1 проценти во сегментот на доставните возила.

Втора година во низа, Fiat Strada е најпродаван модел во земјата. Одлично минува и Fiat Toro, како најпродаван пикап во средната класа. Продажбата на лимузината Cronos лани пораснала за 49 проценти. Компактниот СУВ-модел Pulse, надмина 50 илјади продадени возила.

На турскиот пазар, Fiat четврта година во низа е најпродаван марка со удел од 18,7 проценти. Ѕвезда е Fiat Tipo, најпродаван модел во земјата и воедно прв избор на купувачите во компакт класата, со удел од преку 50 проценти.

Претходна објаваKia Niro е избор на дамите за градското секојдневие
Следна објаваПоранешен директор за продажба на Renault е нов шеф на Citroen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here