Нафтените и гасни концерни бележат рекордни добивки

Во денешната објава, германскиот економски дневник „Ханделсблат онлајн“ известува дека американските компании Ексон Мобајл и Шеврон заедно заработиле 91,1 милијарди долари во 2022 година.

Ексон и Шеврон лани заработиле повеќе, отколку што во 2021 година заработиле вкупно сите најголеми нафтени концерни во Америка и Европа.

Профитите на нафтените мултикомпании во минатата година достигнале вкупно 200 милијарди евра.

Гигантите во нафтената и гасната сфера профитираат од големиот скок на цените на енергијата, коишто првенствено се предизвикани поради војната меѓу Русија и Украина.

Редакцијата на германскот „Ханделсблат“ сепак цени дека бумот е нереален. Бритиш Петрол во своите предвидувања за пазарот на енергија цени дека глобалната побарувачка за нафта, веќе во 2035 година ќе биде намалена за 6 проценти во споредба со сегашната побарувачка.

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваToyota лани продала близу 4.000 автомобили со погон на водород
Следна објаваРекорден број новоотворени станици за точење водород во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here