Музичари на Оркестра Рома Синфониета ги изненадија посетителите со песната Ла Долче Вита, којашто се користи и во рекламното видео за електричниот Fiat Nuova 500, со Леонардо Ди Каприо и со 35 милион прегледи. Пред да се случи спектаклот покрај Фонтана ди Треви, Fiat ја пронајде оваа иконска песна во архивите на издавачката куќа КЕМ Шугар, што е специјализирана за музика од стари филмови.
Тринаесет музичари во фрак се довезоа со електрична Fiat Nuova 500 до Фонтана ди Треви, едно од најпосетените туристички одредишта во Рим. Посетителите љубопитно гледаа додека музичарите ги отпакуваа своите инструменти. Потоа следеа десет волшебни минути во тоновите на песната Ла Долче Вита, од истоимениот филм (La Dolce Vita, 1960) на Федерико Фелини, со Анита Екберг и Марчело Мастројани.
Спектаклот го приредија музичката издавачка куќа КЕМ Шугар, специјализирана за музика од историски филмови, италијанската агенција за авторски права и Филмскиот фестивал Рим. Изборот на Фонтана ди Треви не е случајност. Таа прерасна во еден од највпечатливите симболи на „слаткиот живот“ во Италија во 1950-те и 1960-те години, откако маестралното дело на Федерико Фелини го обиколи светот. Пред шест децении, филмот доби Оскар за најдобар костум.
Кога се спомнува Долче Вита, не може да се изостави Fiat 500, еден од најважните автомобили во историјата, што својата премиера ја имаше во 1957 година. Денес таа традиција ја продолжува Fiat Nuova 500, со електричен погон. Видеото насловено „The Driver“ со Леонардо Ди Каприо, со насловната песна од филмот, има повеќе од 35 милиони прегледи на јутјуб.
View this post on Instagram
Fiat користи уште една песна од архивите на КЕМ Шугар. Тоа е насловната песна од филмот Амаркорд, исто така на Фелини, компонирана од Нино Рота. Fiat Nuova 500 ги пушта тоновите од оваа песна при поаѓање и бавно движење – тоа е законски предвидено за безшумните електрични автомобили, за на пешаците и на околината да се укаже дека има возило во близина.
Историски модели на Fiat, Lancia, Abarth добија цела фабричка хала во Торино
















