Подвозјето на новиот EQS SUV се состои од предна оска со четири водилки и мултилинк задна оска. Mercedes EQ стандардно вградува пневматска суспензија AIRMATIC со функција ADS+ што постојано го приспособува придушувањето. Растојанието на подлогата може да се зголеми за уште 25 mm. Покрај програмите ECO, COMFORT, SPORT und INDIVIDUAL, системот DYNAMIC SELECT во EQS SUV нуди уште една програма. Тоа е OFFROAD, наменета за возење по терен.
Откако тоа ќе се избере со притискање копче, каросеријата останува подигната за 25 mm се додека се води до 60 km/h. Над тоа почнува да се спушта каросеријата, за веќе над 70 km/h да се врати на нормално ниво. Кога се вози по автопат, пак, програмите COMFORT и SPORT ја спуштаат каросеријата над брзина од 110 km/h за десет, односно 15 mm. Кога брзината ќе падне под 80 km/h, висината се враќа.
Вака реагира DYNAMIC SELECT кога ќе се вклучи програмата OFFROAD
Возачот може со помош на DYNAMIC SELECT да влијае врз однесувањето на погонот, на ESP, на подвозјето и на управувањето. Покрај програмите ECO, COMFORT, SPORT и INDIVIDUAL, изведбите на EQS SUV со погон на сите тркала 4MATIC располагаат дополнително со програма OFFROAD. Педалата тогаш реагира помеко, каросеријата се подигнува за 25 mm. Може да се избере дали програмата OFFROAD да работи со или без ESP:
Кога е вклучен ESP се дозволува само мало пролизгување на тркалата. Тоа се постигнува со соодветна распределба на вртежниот момент од страна на eATS und ESP. Притисокот што се произведува во системот за регулација точно одговара на моментот што може да го издржи тркалото без да пролизга по подлогата. Кога оските се закосени, односно подигнато е на пример предното лево и задното десно тркало, EQS SUV располага со функција PreFill. Тоиа значи дека тркалото што нема допир со подлогата уште при одвојувањето добива притисок во сопирачката за тркалото, за да се спречи тркалото да продолжи да врти.
https://photos.app.goo.gl/G4DDtr4n3qMptn8H7
Целта на оваа програма е за се дозволи доволно пролизгување, но возилото да се конролира лесно. Произгувањето на тркалото помага, кога на пример се вози по песок и се спречува возилото да „потоне“. Пулсирачката регулација на системот за контрола на пролизгувањето ASR тука има зголемен обем на функционирање. Дури и во критични ситуации, на пример при свртување по дина, кога залетот не е доволен до горе, на возачот на овој начин му се обезбедува полн вртежен момент. Системот eATS се грижи за моќноста да биде доволна.
ESP во програмата Offroad работи со значително поголемо пролизгување. Управувањето го коригира правецот на тркалата, за да се намали пролизгувањето и да се задржи контролата врз возилото. Ограничувањето на брзината по надолнина Downhill Speed Regulation (DRS) се остварува преку iBooster, за разлика од моделите со обичен мотор, каде што за тоа е задолжен хидрауличен систем (ESP). Така се овозможува DRS да регилира потивко и помеко.
https://photos.app.goo.gl/QbpSsiiZPhGGhfSD7
https://photos.app.goo.gl/WAF6SnqdQx32KeJT9
https://photos.app.goo.gl/PwWyvQRjduBodz256
https://photos.app.goo.gl/ftFZc9p8NUfyW8zq9
https://photos.app.goo.gl/YLW2CXGTZ8ab4Hyp9
https://photos.app.goo.gl/pwD5iNxNbutdkVGz5
https://photos.app.goo.gl/YTSZkK4By7NYtt5RA
Почнува производството на Mercedes EQS SUV, дизајнерот ни е многу познат
















