Јирген Клоп службено вози Opel Astra со мотор и електромотор

Јирген Клоп ја коментираше првата средба со својата Opel Astra со „Wow, da ist das Ding“, што на македонски би звучело „Ау, значи тоа е чудото“. Германскиот компакт што се вбројува меѓу најпродаваните во својата класа, добар е за да додаде уште една доблест во имиџот на прочуениот тренер, затоа што може да се движи чисто на струја, а потоа комбинирано. Во исто време, тоа што Клоп, со прекар „Нормалниот“, ќе седи зад воланот на Astra, исто толку е добро за имиџот на моделот и на марката.

Како долгогодишен амбасадор на марката Opel, Јурген Клоп уште од самата светска премиера на новата генерација на Astra тропа силно во рекламниот барабан за моделот. Фудбалскиот тренер сега и самиот ќе вози Opel Astra како службен автомобил, во изведба со приклучен хибриден погон. Клоп, „Нормалниот“ својот нов превоз го презеде токму на своето работно место во Ливерпул. Како што покажува и видеото, тренерот не чекаше долго за да седне зад воланот и да ги извози првите електрични километри со Astra.

Изведбата на Opel Astra со приклучен хибриден погон е нова ера за Јирген Клоп: „Тоа е мојот почеток во електромобилноста. I drive electric now – exciting“, се радува двократниот „Светски тренер на годината“ за својот прв Opel со електрифициран погон. Посебноста на оваа моделска изведба е во тоа што соединува возачко уживање со свест за животната средина.

Погонскиот вид што некои го гледаат како „полуелектричен“, произведува системски 180 КС и највисок вртежен момент од 360 њутнметри. Доколку се појде со полна батерија и прво се исцрпи енергијата во батеријата, па потоа патувањето продолжи со комбинирана работа на моторот и електромоторот, фабриката вели дека Opel Astra ќе потроши само 1,1 литар гориво. Притоа, од издувот ќе излезат само 24 грами СО2. Спринтот до темпо сто трае 7,6 секунди, што е речиси OPC-ниво.

Заклучната оцена на Клоп за неговата нова Astra: „Изгледа одлично, чувството е добро. Таков треба да биде еден автомобил!“ На тоа возвраќаат од Opel: „Да поминеш многу километри Јурген и да уживаш со новата Astra Plug-in-Hybrid!“

Сé е на свое место – и одлично е изработено. Добро сработено, Opel!

Јурген Клоп

Тренерот е одушевен и од технологиите во новата Astra – покрај дизајнот, секако. Тој ги кажа своите оцени за најновата генерација на Astra уште при самиот развој на автомобилот, додека беше во посета на одделението за дизајн во Риселсхајм. Автомобилот на Клоп е со волан на десната страна, тоа се подразбира.

Главното обележје на оваа Astra за тренерот се светлата Intelli-Lux LED Pixel Lichts, што совршено се вклопуваат во „визорот“ на Opel, во препознатливата маска. Системот што се приспособува според условите и возењето, без да предизвика заслепување на сообраќајот пред возилото, преземен е од СУВ-знаменосецот Grandland. Светлата се состојат од 168 одделни светлечки диоди, што се управуваат секоја посебно.

Меѓу системите за асистенција се вбројуваат Intelli-Drive со предупредување при опасност од судир, автоматско сопирање и препознавање пешак на пат, систем за следење лента и камера за знаци, препознавање замор, предупредување при возило во мртов агол и за возило од попречен правец, до камера во 360 степени што се води како Intelli-Vision. Во кокпитот се наоѓа и Intelli-HUD Head-up-Display – и секако дека целиот кокпит е дигитален, односно е Pure Panel.

Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда

Претходна објаваAvtoVAZ и Кинезите со зголемен удел по заминувањето на западноевропејците
Следна објаваSuzuki V-Strom 1050 DE за уште подолги авантури по теренот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here