Откажувајќи се од јадење, неколку сопственици на Tesla се надеваат дека нивните автомобили ќе станат подобри. Групата штрајкуваше 24 часови со нејадење, од 27-ми до 28-ми август. Намерата беше да се привлече вниманието на Илон Маск, со цел да се решат проблемите што тие ги имаат со своите возила.
Групата составена од 17 членови отвори и посебен вебсајт под името „teslahungerstrike 2022“, за светот да го запознаат со проблеми. На страницата се наведени вкупно 29 видови на проблеми што најмногу им го загорчуваат возачкото секојдневие на штрајкувачите.
Проблемите навистина се несекојдневни за денешните стандарди во автомобилската индустрија. Сопствениците честопати се жалат дека им протекува вода во багажникот при секој дожд. Понатаму, возилата на Tesla не стартуваат на студено или на жешко, а се случувало и вратите да не се отвораат. Проблеми има и со самото полнење, како и околу досегот, што е помал од тој што го наведуваат во Tesla. На дисплејот знае да се појавуваат и жолти рабови или агли. Голем дел од проблемите не се поправаат во сервис. Затоа требаше директно да се информира Илон Маск.
Скандинавските возачи веруваа дека Илон Маск ќе им ги реши проблемите, веднаш штом ќе дознае. На основачот и извршен директор на Tesla треба да му биде од особен интерес, возачките и возачите на електричните авотмобили од марката во Норвешка да бидат задоволни, затоа што не постои друга држава во светот во којашто се регистрирани повеќе возила Tesla по глава на жител.
Маск навистина се јави откако светот ја дозна веста од Норвешка, за возачите на Tesla што штрајкуваат со глад. На својот профил на твитер, тој напиша: „On advice of a good friend, I’ve been fasting periodically & feel healthier“ (По совет од добар пријател, јас повремено постам и се чувствувам поздраво). Сепак не е посочено дали објавата се однесува на штрајкот во Норвешка.
From time to time, I will share some things that seem to be working for me, in case you find it helpful
— Elon Musk (@elonmusk) August 28, 2022
















