за

Kia Sportage во август достигна 40.000 примероци, марката во раст

Августовската продажба на Kia заврши со 239.887 возила или за 10,4 проценти повеќе од истиот месец лани. Sportage е најпродаван модел, со удел од 16% во продажбата на марката.

Домашниот пазар и извозните пазари ѝ донесоа раст во продажбата на Kia во август. Во Јужна Кореја биле продадени 41.404 возила (+1,0%), додека на странските пазари биле пласирани 198.483 возила или за 12,6 проценти повеќе отколку во август лани.

Продажбата на Kia ја предводат СУВ-моделите, Sportage и Seltos и во август беа најпродавани модели на марката. Од новиот Sportage во минатиот месец биле продадени 39.281 возила, по него следи Seltos со 26.097 примероци. Трет модел во продажбата е лимузината Kia K3, позиционирана слично со европскиот Ceed, со 19.776 продадени примероци ширум светот во август.

На пазарите надвор од Јужна Кореја, Kia постигнала 198.483 продажби, за 12,6 проценти повеќе од август лани. Бестселерите Sportage и Seltos учествуваат во продажбата со 35.408, односно со 22.487 примероци соодветно. Одлични резултати постигнува и електричниот кросовер Kia EV6 со 4.661 продадени примероци. Азија и Пацификот, Индија, Јужна и Средна Америка покажаа најстабилна продажба.

Најпродаван модел на домашниот пазар е луксузниот СУВ-крстосувач Sorento, со 5.674 примероци, па дури по него следи светскиот бестселер Sportage, со 3.873 продажби во Јужна Кореја. Пазарот вкупно апсорбирал 41.404 возила од марката Kia, за околу 400 примероци повеќе од истиот месец лани.

За претстојниот период, менаментот ќе продолжи со приспособување на продукцијата според динамиката на снабдување со микрочипови, со цел глобалниот недостиг од оваа клучна компонента за денешните автомобили да влијае колку е можно помалку врз продукцијата.

Растот во продажбата ќе се префрлува на новите генерации модели, по примерот на електричниот кросовер EV6, кој воедно обезбедува и зголемување на профитабилноста на компанијата.

Тест · Kia Rio 1.0 T-GDi 120 Mild Hybrid

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продажбата на Lada порасна 75%, руските власти им помагаат на граѓаните

Норвешки возачи на Tesla штрајкуваат со глад