Продажбата на Lada порасна 75%, руските власти им помагаат на граѓаните

Август донесе голем раст во продажбата на Lada на рускиот пазар, во услови кога индустријата продолжува да се соочува со последиците од нападот на Русија врз Украина.

Lada во минатиот месец продала 18.087 патнички автомобили на рускиот пазар, што е за 75% повеќе во споредба со јулскиот резултат. До продажбата од август лани уште остануваат 7% кусок, меѓутоа минатиот месец ја донесе најголемата продажба на автомобили за рускиот производител, откако Русија во февруари испрати војска во Украина.

Според претседателот на AvtoVAZ, Максим Соколов, два модели на Lada се продаваат „како пред кризата“, тоа се Granta и вечната Niva. Директорот го цени тоа како „важно достигнување“, што води кон заздравување на компанијата. Во фабричкото соопштение, Соколов изјавува дека „ќе успееме да ги надминеме тековните потешкотии и да излеземе во пресрет на побарувачката на рускиот автомобилски пазар.“

Компанијата што вработува околу 42.000 лица посочува дека владината програма за помош за купување нови автомобили помогнала да се задоволи побарувачката за возила.

Рускиот автомобилски сектор, што во голема мера е зависен од увозот на делови и од странските синџири од добавувачи, запре целосно откако Западот воведе остри санкции за Русија, поради нападот на Украина. Светските производители ги прекинаа своите активности во земјата. Француската групација Renault, којашто долги години беше акционер во AvtoVAZ, во мај го продаде својот удел во компанијата.

Lada Granta Sedan во Русија почнува од 678.300 рубљи, што одговара на 11.300 евра. Со државната помош се покриваат 20% од цената на возилото. Купување автомобил им се олеснува на семејства со деца, што го купуваат својот прв автомобил. Постои дополнителна програма за здравенствени работници и учители.

Камаз се вмешува во најавите за враќањето на марката Москвич

Претходна објаваЕксклузивен Peugeot 408 за првите 300 купувачи
Следна објаваKia Sportage во август достигна 40.000 примероци, марката во раст

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here