Фабриките на Peugeot и Citroen полека се враќаат во полн капацитет

Во фабриките на Stellantis во Франција повторно ќе се произведува во полн обем, за разлика од август лани, кога недостигот од чипови масовно ја доведе автомобилската индустрија во ситуација да воведува прекини во производството.

Од одделението за односи со јавност на концернот Stellantis, каде што спаѓаат француските марки Peugeot и Citroen, за агенцијата Ројтерс потврдија дека „француските фабрики продолжија со нормална работа по летните одмори.“ Исто и фабриките на Renault во Франција, од септември ќе се вратат во нормално производство.

Во соопштението се наведува и дека недостигот од чипови бара ситуацијата и натаму да се следи будно на дневна база. Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес во јули изрази загриженост околу недостигот од полупроводници, којшто влијаеше врз глобалната автомобилска индустрија. Португалскиот топ-менаџер тогаш изјави дека не очекува продукцијата да се врати на ниво како пред пандемијата, до крајот на 2023 година.

Производители на чипови: Авто-концерните се виновни за кризата

Претходна објаваКинески BYD продава во Данска, Германија, Шведска и Холандија
Следна објаваLamborghini со рекордно прво полугодие

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here