Volvo ќе гради фабрика за електрични автомобили во Словачка

Покрај тоа што во идната словачка фабрика на Volvo ќе се произведуваат електрични автомобили што се чисти за животната средина, ќе се користат и обновливи извори на енергија, сé во насока на долгорочната цел на шведската марка, да постигне целосна одржливост во секое подрачје од делувањето.

Volvo Cars денес соопшти дека ќе гради трета фабрика во Европа, со цел да се излезе во пресрет на зголемената побарувачка за електрични автомобили, како и да се обезбеди основа за натамошен раст.

Новата фабрика ќе биде неутрална во поглед на климата и ќе произведува само електрични автомобили. По 2030 година, Volvo ќе нуди само автомобили со погон на струја, а една деценија подоцна ќе постигне целосна неутралност во поглед на емисијата на стакленички гасови.

Фабриката во Словачка ќе биде третата точка во триаголникот на производство на Volvo во Европа, како најголем продажен регион на марката. Volvo во Европа произведува во Гент/Белгија и во Торсланда/Шведска.

[the_ad id=”69797″]

Во новата фабрика се вложуваат вкупно 1,2 милијарда евра. Таа ќе биде лоцирана во близина на Кошице, во источна Словачка, на оддалеченост од 1.050 километри од Скопје. Во регионот веќе има воспоставено широка мрежа од добавувачи, што секако дека претставува еден од клучните фактори за земјата да биде избрана. Фабриката на Volvo ќе биде петта автомобилска фабрика во Словачка, покрај фабриките на Kia (Жилина), Stellantis (Трнава), Volkswagen (Братислава) и Jaguar Land Rover (Нитра).

Целта на Volvo Cars е годишната продажба да ја зголеми на 1,2 милион автомобили до средината на деценијава. Освен во Европа, Volvo произведува и во Кина, како и во САД (S60). Изградбата ќе започне в година, во 2024 година ќе се поставуваат производствената опрема и монтажните ленти. Словачката фабрика се очекува да биде пуштена во работа во 2026 година. Од Кошице ќе излегуваат електрични автомобили од новата генерација модели на Volvo.

Кошице е прва нова фабрика на Volvo во Европа по речиси 60 години. Фабриката во Торсланда беше пуштена во работа во 1964 година, а белгиската фабрика во Гент следеше една година потоа. Двете фабрики имаат капацитет за 600.000 возила годишно.

Во автомобилите на Volvo ќе се дише најчист воздух

Претходна објаваSuzuki двојно го зголемил производството во мај
Следна објаваНајсилниот модел на Mercedes-AMG вози по македонски асфалт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here