Volvo Cars ќе применува најнапредна технологија за пречистување на воздухот во кабината на своите модели од најновата генерација.
Чистиот воздух е суштински за здравјето, но е важен и заради безбедноста. Таа е воедно и постојан предизвик на Volvo, марка што за многумина ја предводи браншата во поглед на безбедноста.
Системот што се води како Advanced Air Cleaner е дел од најновата технологија за пречистување во новите модели од сериите 90 и 60. Добиен е сертификат дека филтерот е пријателски за луѓето што страдаат од астма и алергија. Според Allergy Standards Limited (ASL), филтерскиот систем пречистува 99,9 проценти од алергените од трева, дрва и полен од воздухот што се вовлекува во кабината.
Allergy Standards Limited (ASL) е независна програма за сертифицирање, којашто им помага на потрошувачите да ги препознаат производител, што се погодни за луѓе со астма и алергии.
Покрај придобивките за сопственото здравје, истражувањата покажаа дека чистиот воздух исто така помага да се подобри концентрацијата, а со тоа и целосно да се задржи вниманието на патот при возењето.
Др. Марија Бернардер, експертка за влијанието врз здравјето на патниците во Volvo Cars
Автомобилите на Volvo што се произведени по април 2022 година, со исклучок на изведбите на XC40 со стандарден погон, ќе користат пристап на интернет и користење на тековни податоци, кои покажуваат дали во местото низ кое што се минува во моментот е забележана повисока загаденост. Тоа им се прикажува на возачот и на патниците во средишниот дисплеј, за да се вклучи пречистувањето на воздухот во кабината.
Volvo Cars е прв производител на автомобили што посредува податоци за тековната загаденост на воздухот со полен.
Автомобилите опремени со најновата технологија за пречистување на воздухот поседуваат и сензор, што беше лансиран глобално во 2020 година, како уште една свеска премиера на Volvo, којашто ја мери загаденоста со честички PM 2.5 во кабината и на патниците им нуди можност да ја споредат таа вредност со загаденоста на надворешниот воздух.
Со помош на синтетичкиот филтер со микровлакна и на јонизацијата во Advanced Air Cleaner, до 95% од сите честички PM 2.5 се задржуваат надвор од кабината, во моделите на Volvo од сериите 60 и 90.
Дополнително, Advanced Air Cleaner може да отстрани над 97% од вирусите што се присутни во воздухот, а воедно може и до 95% да ги отстрани постоечките вируси во возилото. Делотворноста на технологијата е потврдена во неодамнешно истржување во Австрија и од институтот OFI.
Hertz нарача 65.000 автомобили од електричната марка на Volvo