BMW си откупува назад акции вредни 2 милијарди евра

BMW AG, што e кратенка за Bayerische Motoren Werke Aktiengesellschaft, односно во превод Акционерско Друштво Баварска Фабрика за Мотори, ќе купи акции од своите акционери во вредност до 2 милијарди евра.

Програмата за купување на акциите има првенствена цел да се вратат акциите и да се намали основниот капитал. На главното собрание одржано во мај годинава, акционерите го одобриле купувањето назад на акции во обем од 10% од основниот капитал, во период од пет години. Првата програма што произлегува од ова одобрување ќе стартува веќе во јули и ќе заврши најдоцна на 31-ви декември 2023 година.

Николас Петер, финансов директор на BMW AG: „Откупот на акциите претставува доказ за нашата континуирано висока финансиска моќ и за силната ликвидност. Благодарение на нашата оперативна сила и по целосно консолирирање на нашата кинеска компанија ќерка BMW Brilliance Automotive Ltd. очекуваме да ја задржиме нашата силна ликвидност.“

Директорот на баварскиот производител понатаму наведува дека од откупот на акциите ќе профитираат сите акционери, исто како и вработените. Освен од политиката на дивиденди, акционерите ќе заработуваат и од програмата за откуп на акциите, со којашто ќе се зголеми висината на оперативниот резултат по акција.

[the_ad id=”69797″]

„Со овој инструмент им нудиме вредност на нашите акционери и испраќаме сигнал за нашата долготрајна моќ на пазарот на капитал“, објаснува Петер.

BMW гради најсовремена фабрика за автомобили во Унгарија

Претходна објаваГолемо наддавање за последниот часовник во Тото Волф-серијата на Шафхаузен
Следна објаваKia Forte четврта година победува со квалитетот според JD Power

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here