Големо наддавање за последниот часовник во Тото Волф-серијата на Шафхаузен

Станува збор за серија часовници на прочуената мануфактура IWC Schaffhausen, по чиешто име веќе се насетува дека тоа се баснословно скапи часовници. Последниот примерок од серијата со име ​- Big Pilot’s Watch Perpetual Calendar Edition Toto Wolff x Mercedes- AMG Petronas Formula One Team – ќе биде понуден на наддавање во Бонамс.

Непосредно пред трката на Силверстоун, за големата награда на Британија, IWC Schaffhausen како долгогодишен партнер на тимот на Mercedes-AMG Petronas во Формула 1, ќе го понуди последниот примеро од Big Pilot’s Watch Perpetual Calendar Edition „Toto Wolff x Mercedes- AMG Petronas Formula One Team“ на наддавање.

Ексклузивната серија од Big Pilot’s Watch, изработена е во само 100 примероци, и преку неа се одбележува исклучителната кариера на Тото Волф, шеф на тимот и директор на Mercedes-AMG PETRONAS Formula One. Низ годините, Тото носеше бројни часовници на IWC и прототипи, на важни настани, на тркачкиот асфалт и надвор од него.

Часовникот што е 50-ти во серијата од 100 примероци и последен е што остана непродаден, наскоро ќе биде понуден на наддавање во ценетата аукциска куќа Бонамс. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за Ignite. Тоа е заедничка добротворна иницијатива на Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team и Сер Луис Хамилтон, кој се залага за поголема разновидност и инклузивност во мотоспортот. IWC Schaffhausen користи пригода за да најави дека секоја година ќе донира по 50.000 евра за иницијативата.

https://photos.app.goo.gl/4YwTV89aWHCTPTYz5

Часовникот е изработен од кератаниум, материјал што се одликува со врвна робусност и цврстина. Бројчаникот е изведен во заштитната зелена боја на PETRONAS, додека децентниот црвен раб е додаден во чест на легандарниот Ники Лауда.

Механичката програма автоматски ги разликува должините на месеците и годините, па до 2100-та година нема потреба да се нагодува. Механизмот за месечевите фази ќе остапува еден ден дури по 577,5 години.

Проценителите на Бонамс предвидуваат дека ексклузивниот часовник ќе достигне цена меѓу 40 и 100 илјади фунти.

https://www.bonhams.com/auction/28074/the-iwc-and-toto-wolff-charity-auction/

Часовници изработени од сопирачките од Peugeot 9X8

Претходна објаваТркачки CD Peugeot од 1966 година вози викендов на Леман Класик
Следна објаваBMW си откупува назад акции вредни 2 милијарди евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here