Cadillac в година се враќа на Леман по две децении

Луксузната марка Cadillac од година ќе биде дел и од светското првенство во издржливост, покрај учество во првенството ИМСА, со хиперавтомобилот што ќе произлезе од штотуку претставениот Project GTP.

Марката именувана по францускиот истражувач Антоан де ла Мот, сиер Кадилак, по пауза од 20 години повторно ќе вози на Леман. Според Рори Харви, потпретседател на Cadillac за светскиот пазар, „со учеството на 2023 ИМСА и во првенството во издржливост, Cadillac Racing има можност да ги прикаже својата моќ, вештина и технологија.“

Хиперавтомобилот Project GTP е развиван во соработка меѓу Cadillac Design, Cadillac Racing и Dallara. Во дизајнот се препознаваат обележјата од сериските модели на марката. Тоа најдобро се забележува во исправените светла.

Крис Микалаускас, главен дизајнер за надворешниот изглед, цени дека „Project GTP претставува единствен спој меѓу формата и функцијата и ја прикажува естетиката на идните модели на Cadillac“. Дизајнерот открива дека тоа е само почеток и дека допрва ќе следат највозбудливите нешта, вклучувајќи и сериски модели.

Хиперавтомобилот користи комплетно нов 5,5-литарски V8, во комбинација со хибриден погон, како што тоа го пропишуваат правилата во највисоката категорија на возила за трки во издржливост LMDh

Преку своите модели од серијата V, марката Cadillac сака со своите спортски лимузини CT4-V и CT5-V, како и со лимитираните CT4-V Blackwing и CT5-V Blackwing, да им парира на моделите со високи перформанси од европските премиум марки. Спортската серија, секако, го опфаќа и џиновскиот СУВ-модел Escalade-V.

https://twitter.com/i/status/1533860098740785152

Прототипот за Леман ќе стартува со тестирање во текот на летото, а првата трка што ќе ја вози е Ролекс 24 на Дајтона, в година.

Хиперавтомобилот Peugeot 9X8 ќе вози на 6 Часа Монца во јули

Претходна објаваFerrari 296 GTB е најубав автомобил според жирито на Car Design Award
Следна објаваSuzuki домаќински: Батерии од стари возила се одлични за соларни канделабри

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here