за

Ferrari 296 GTB е најубав автомобил според жирито на Car Design Award

Уште една важна награда за дизајн оди во Маранело. Жири од новинари од светски глас го избра 296 GTB за победник во категоријата на сериски автомобили.

Ferrari 296 GTB победи во категоријата на сериски автомобили, на престижниот Car Design Award. Изборот се одржува од 1984 година и се организира од италијанскиот магазин Auto&Design. Доделувањето на наградите се одржа во петокот, во музејот на дизајн ADI, како дел од Неделата на дизајнот во Милано.

Во рамките на Car Design Award се наградуваат проекти што даваат важен придонес за развојот на автомобилскиот дизајн. Победниците ги избира стручно жири од 11 новинари од водечки автомобилски медиуми од цел свет, вклучувајќи го и самиот Auto&Design.

Жирито го образложи изборот на Ferrari 296 GTB за најдобар сериски автомобил: „Вистинско е одушевувањето кога ќе се создаде облик што е толку убав и органски, додека во исто време се исполнуваат сите тековни прописи, и на автомобилот му се дава неверојатно високо ниво на технологија и перформанси. Легендарните тркачки прототипи од 1960-те послужија како основа за дизајнот на Ferrari 296 GTB, а конечниот резулта е извонредно, современо толкување на јазикот на класичниот дизајн.“

Моделот 296 GTB, како најново усовршување на концептот на спортски двоседи со мотор вграден назад, донесе вистинска револуција во компанијата од Маранело, со воведувањето сосем нов мотор V6, со агол меѓу двата реда цилиндри од 120 степени. Заедно со електромоторот, системската моќност изнесува 830 КС. Батеријата може да се полни надворешно и со енергијата да се извозат неколку десетици километри чисто на струја.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во Ferrari ценат дека со 296 GTB го збогатиле целиот концепт, со тоа што возачкото уживање не се доживува само при целосно искористување на моќта на спортското купе, туку и во секојдневното возење.

Слатко мало Ferrari 296 GTB со кабел за полнење

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ауто Билд знае кој шампон е најдобар за перење автомобил

Cadillac в година се враќа на Леман по две децении