за

Слатко мало Ferrari 296 GTB со кабел за полнење

Половина век по прочуениот Ferrari Dino, Маранело повторно има спортски модел со средишно вграден мотор V6 – со приклучен хибриден погон.

Со битурбо натполнење и приклучен хибриден погон, Ferrari 296 GTB располага со системски 830 КС. Моделската ознака повторно ја следи познатата шема на Италијанците: Првите две бројки се однесуваат на зафатнината од 2.992 cm3, шестката е за бројот на цилиндрите, GTB важи за Gran Turismo Berlinetta.

Моторот V6 се наоѓа под проѕирен поклопец и претставува целосно нова конструкција. Помошта за турбо-моторот од 2,9 литри доаѓа од електромотор со 167 КС, што е вграден меѓу моторот и менувачот. Малата батерија од 7,45 киловатчасови е вградена во подот. Максималниот вртежен момент изнесува 740 Nm и преку осумстепен менувач со двојна спојка се пренесува до задната оска. Спринтот на Ferrari 296 GTB до темпо сто трае покусо од три секунди. Крајната брзина е над 330 km/h.

Преку вртлив прекинувач на воланот (eManettino) може да се избира меѓу четири режими на возење. Во режимот eDrive, италијанскиот суперспортист може да извози околу 25 километри и притоа може да постигне најмногу 135 километри на час. Во вториот модус „Hybrid“ работат заедно двете погонски единици за максимална штедливост, додека во модусот „Performance“ се користи моторот за батеријата да биде наполнета максимално, како резерва кога ќе треба да се повика екстра моќност. Четвртиот модус е Quali и како што е редно кај Ferrari, тој служи за максимална комбинирана моќност.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Нападни спојлери отсуствуваат целосно во силуетата на спортскиот автомобил со средишен мотор. Невпечатливиот преден спојлер, заедно со задниот спојлер што излегува автоматски од просторот меѓу малите задни светла, секако дека се грижат за врвна аеродинамичност. Дополнителен притисок доаѓа од дифузорот и вешто изведениот под назад, како и од активните спојлери што се наоѓаат во задниот браник.

Маранело го позиционира Ferrari 296 GTB над F8 Tributo

Со цената од 269.000 евра, Ferrari 296 GTB се наоѓа меѓу F8 Tributo и SF 90 Stradale. Со доплата може да се добие пакет со лесна конструкција „Assetto Fiorano“. Покрај делови од карбон, заради смалување на тежината, како надвор, така и во возилото, пакетот содржи ултралесно заден прозорец од лексан и тркачки амортизери, во комбинација со гуми со високи перформанси Michelin Sport Cup 2 R.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW X3 покрај Скарлет Јохансон во холивудската „Црна вдовица“

Политиката го победи спортот на тркачката патека во Серес, Грција