за

BMW X3 покрај Скарлет Јохансон во холивудската „Црна вдовица“

BMW е дел од холивудскиот кино-спектакл „Црна вдовица“ од студиото Марвел. BMW X3 го доживува своето филмско деби покрај Скарлет Јохансон и Флоренс Пју.

Со новиот холивудски блокбастер „Црна вдовица“ ( Black Widow), BMW станува дел од кинематскиот свет на Марвел. Станува збор за акциски трилер, што премиерно ќе се прикаже на 9-ти јули.

Во најновиот филмски спектакл од студиото Марвел ќе го видиме и BMW X3 во клучна улога. Во неколку носечки сцени се појавува и Gran Coupe од серијата 2. На каналот на BMW на јутјуб може да се видат неколку ексклузивни сцени од снимањето на филмот.

Ова е првпат BMW да соработува со студиото Марвел. Тоа што BMW X3 и Gran Coupe од серијата 2 навистина имаат носечки улоги во филмот е резултат од новата стратегија на баварската марка. Автомобилите со сино белиот знак во новите реклами се поврзуваат со силен емотивен импулс. Од Минхен најавуваат дека соработката со Марвел ќе продолжи и по „Црната вдовица“.

Во BMW Welt, во центарот посветен на марката во Минхен, наскоро ќе биде поставена изложба со возилата користени при снимањето на филмот – со сите траги врз нив, вклучувајќи и дупки од куршум. Тоа ќе се совпадне со филмската премиера, што е закажана за 9-ти јули.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Илјада софтверски инженери на работа во Mercedes во Зинделфинген

Слатко мало Ferrari 296 GTB со кабел за полнење