Илјада софтверски инженери на работа во Mercedes во Зинделфинген

Генијалците за софтвер кај Mercedes во Зинделфинген имаат посебни услови за работа: Тие можат најфлексибилно да си го одредуваат работното време и добиваат екстра награда за своите врвни достигнувања. Нивната работа е од стратешко значење.

Еден од корените на традицијата на Mercedes, седиштето на компанијата во Зингенфинген, со повеќе од 100 годишна историја, станува центар на дигитализацијата. Гратчето во близина на Зинделфинген, звучно главно поради Mercedes, претставува централен камп за развој на идниот оперативен систем MB.OS во глобалната мрежа на компанијата. Планот е во останатите центри за технологија – Берлин, Тел Авив, Сиетл, Санивејл, Пекинг, Токио и Бангалор – во следниот период да се ангажираат уште 2.000 експерти за софтвер.

Зинделфинген останува срцето на марката, затоа што во тамошните фабрики се изработува најдоброто од Mercedes, меѓу другото моделските серии „Benz S-Class и Maybach S-Class.

Саџад Кан е генерален директор за технологија и член на управниот одбор на Mercedes-Benz AG: „Софтверот го менува светот, го сочинува централниот нервен систем на нашите современи возила и претставува решавачки фактор за успех за дигитални иновации. Тој овозможува безбедно, комфорно, но и луксузно искуство на клиентите.“

Средината во којашто работат врвните експерти во Mercedes исто така е мошне инспиративна. Централна улога во развојот на електрични и елекфтрифицирани погонски единици ќе има идниот „Mercedes Benz Electric Software Hub“. Овој центар располага со површина од околу 65.000 m² (околу осум фудбалски игралишта) и се очекува да стартува со работа во почетокот на 2022 година.

Mercedes воведе револуција во ракувањето со воведувањето на системот MBUX. Негови клучни компоненти се напреден хардвер, со моќни процесори и дисплеи со висока резолуција, но и софтвер со способност за учење. Следниот чекор е посебно развиена архитектура „MB.OS“ (Mercedes-Benz Operating System). Овој систем се планира да стартува со примена во сериските возила на Mercedes во 2024 година.

Претходна објаваМузејот на Volkswagen доби „буба“ со половина век служба во Јапонија
Следна објаваBMW X3 покрај Скарлет Јохансон во холивудската „Црна вдовица“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here