Вистинскиот модел за чудните времиња: Mitsubishi на струја, од најмалечките

Тоа е автомобилот против аматери и дилетанти на коишто им се погодило да кројат државна стратегија во овие времиња кога се бара врвна стручност – и екстра морал. Mitsubishi eK X EV e електричен автомобил, но за разлика од европските ненаситни потрошувачи на струја, што полни тежат на границата на дозвола од категорија Б, тој припаѓа во најмалечката категорија возила. Значи, точно погоден автомобил, кога е криза од сé.

Корпорацијата Mitsubishi Motors летово ќе стартува со продажба на новото електрично мини eK X EV во Јапонија. Редовната цена на моделот се движи од 2.398.000 до 2.932.600 јени, односно меѓу 17.350 евра и 21.250 евра. Со субвенцијата за електрични возила, во висина од 550.000 јени, цената на електричото мини се доведува до 1.848.000 јени. Во одредени подрачја на Јапонија, постојат и дополнителни повластици, што прават цената да биде уште подостапна.

Елекричниот модел се придружува во семејството модели eK X, коишто имаат „идеја“ за СУВ. Неколку посебни каросериски додатоци го разликуваат електричниот модел, а на располагање стојат и ексклузивни бои што го нагласуваат тоа. Досегот изнесува 180 километри, што со оглед на цената е одлична вредност. Во поглед на комфорот и перформансите, Mitsubishi ветува дека тоа е автомобил што е достоен за својата марка. Исто и безбедноста и користењето онлајн-услуги не недостигаат.

https://photos.app.goo.gl/EWTmMrTGS1HJZb2L8

Батеријата има капацитет од 20 киловати. Во споредба со Peugeot e-208, со неговите 50 kWh, тоа е скромен капацитет, но и цената е соодветна. Според истртажувањата на Mitsubishi, околу 80% од возачите возат во просек помалку од 50 километри дневно. Тоа значи дека батеријата може да трае и три дена. Јапонците се дури и пореални, па претпоставуваат дека клиентите ќе полнат секој втор ден.

При користење обичен приклучок, батеријата се полни целосно за 8 часа. Во случај да се користи брз полнач, тогаш 80% се постигнуваат за околу 40 минути

Максималниот вертежен момент изнесува 195 Nm, што е двапати повеќе отколку споредлив модел со обичен мотор. Техниката подржува возење со една педала, односно во најголем број случаи нема да биде потребно да се притиска сопирачката, затоа што електромоторот го презема забавувањето, односно ја полни батеријата под дејство на инерцијата на масата на возилото. Батеријата е долу во подот, така што ниското тежиште му обезбедува и динамични возни својства на електричниот eK X.

Полнењето на батеријата на Mitsubishi eK X EV чини 600 јени, односно помалку од 4,5 евра; Киловатчас чини 30 јени

Минито паркира само, но располага и со радарски темпомат, што забавува и забрзува самостојно, како и со систем за задржување во лента. Корисна функција е тоа што батериајта може да се користи и за приклучување надворешни потрошувачи на струја. Тоа е посебно важна функција во Јапонија, каде што секогаш постои неизвесност дека природните катастрофи ќе предизвикаат прекин на струјната мрежа.

https://youtu.be/Ijw0r_Wn5-I

Основни технички податоци

Должина 3395 mm

Ширина 1475 mm

Висина 1655 mm

Меѓуоскино растојание 2495 mm

Тежина на возило 1080 kg

Потрошувачка WLTC 124 Wh/km

Батерија, литиум јон, 20 kWh

Досег 180 km

Максимална моќност на електромотор 47 kW

Номинална моќност 20 kW

Вртежен момент 195 Nm

https://photos.app.goo.gl/gHGnNu33yQ7Syj1YA

https://photos.app.goo.gl/FetPLz9ymbcUs5nF8

https://photos.app.goo.gl/wm83DkUKUABoj7UFA

https://photos.app.goo.gl/Fg5w9peAzj3Q5HyBA

https://photos.app.goo.gl/Z7sNHAstbfxiPUtu6

https://photos.app.goo.gl/CpFJn24XVN3v9Gcn7

https://photos.app.goo.gl/biEaPi6HppzQ7N4E7

https://photos.app.goo.gl/LscEd3CUr89JZ8c28

Mitsubishi Space Star најпродаван, Corolla втора, Suzuki со 101 возило за три месеци

Претходна објаваПорано 406 Coupe, сега Peugeot 408: Убавите купе-модели денес се СУВ
Следна објаваСамо 999 примероци: Последниот Mercedes-AMG од генерацијата W213

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here