Светските енергетичари предупредуваат за криза за гориво летово

shell 10000 novi stanici
Слика: Shell

Шефот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, предупредува за можно тесно грло во снабдувањето со гориво во времето на летните одмори. „Нафтените берзи може да се соочат со недостиг во претстојното лето“, изјави Бирол.

Претстојниот почеток на главната летна сезона во Европа и во САД, со масовните патувања, ќе доведе до зголемување на побарувачката за горива. Експертите предупредуваат на можноста од појавување недостиг во снабдувањето со бензин, дизел, но и керозин, посебно во Европа. Причината, зошто европските граѓани ќе бидат повеќе изложени на опасноста од нафтена криза, лежи во тоа што „државите се условени од испорака на сурова нафта од увоз, но исто така и нафтените деривати, односно горивата, се увезуваат масовно“ – предупредува шефот на меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол.

Тековната енергетска криза, според Бирол е многу подлабока од нафтената криза во 1970-те години. Покрај тоа, кризата ќе биде подолготрајна. „Тогаш беше проблем само нафтата“, посочува Бирол. „Сега имаме нафтена криза, криза со гас и криза со струја во исто време“.

Експертот препорачува преземање мерки, како што е билетот од 9 евра во Германија, со којшто во времетраење од еден месец може да се патува со кое било јавно превозно средство во земјата. Бирол цени и дека мерката за намалување на брзината на возење по автопатиштата исто така може да помогне во ублажување на последиците од кризата.

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Најважното прашање: Како да заштедите гориво?

Претходна објаваАмбасадори на Peugeot во Франција заработуваат од секоја продажба на хибрид
Следна објаваВо Британија се регистрирани 750.000 електрични автомобили и комбиња

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here