Бразил е посебна земја по многу нешта, па и по алкохолот што масовно и со децении се користи како погонско гориво. Peugeot 208 во земјата се продава изненадувачки добро, а во иднина ќе се продава и одлично. Само за Бразил, Peugeot вградува мотор што користи етанол. Името Firefly непогрешливо укажува на мотор на Fiat, кој е „домашна“ марка, а воедно и марка во концернот Stellantis.
Peugeot 208 ќе продолжи да се пробива уште посилно на огромниот бразилски пазар, со воведувањето на моторот што го троши националниот горивен специјалитет – етанол, произведен од шеќерна трска. Сегментот Б, во којшто спаѓа „208“ е најголем сегмент во Бразил.
Новата моделска изведба се води како Peugeot 208 1.0, се нуди во две нивоа на опрема, со цена од 72.990 бразилски реали за основниот модел, односно околу 15.750 евра. Моторот што може да користи и бензин и етанол, познат и докажан е во земјата, од моделите на Fiat. Италијанската марка со децении доминира на големиот пазар во јужноамериканската земја и практично е домашна марка, со масивна локална продукција. Peugeot 208 во Бразил е позициониран повеќе како премиум модел.
https://photos.app.goo.gl/cJRonYw4j2Sn9wZUA
Трицилиндарскиот мотор што користи два вида гориво располага со два вентили по цилиндар, со посебно приспособен вшмукувачки тракт и форма на коморите за согорување, со цел да се постигне повисок вртежен момент при пониски вртежи. Моќноста на 1.0 Firefly изнесува 75 КС, вртежниот момент достигнува 105 Nm при 3.250 вртежи. Бразилците наведуваат дека моторот е конструиран без проблем да извози најмалку 240.000 километри.
https://photos.app.goo.gl/tcSbSg6tVBdTBmpo8
Нишката на премиум модел што Peugeot 208 ја носи во Бразил се препознава и во опременоста во основното ниво Like. Средишен дисплеј од 10,3 инчи е стандард, заедно со безжично поврзување со мобилен телефон, диодни дневни светла во фамозниот стил на „лавовски очници“, електрика на прозорците и ретровизорите, комплетна безбедносна опрема.
https://photos.app.goo.gl/T5veYE8xLNYcEeuT9
Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи
















