Шефот на Opel унапреден во оперативен шеф на концернот Stellantis за Европа

Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis, објасни дека промените на најодговорните позиции во концернот се преземаат за дополнително да се осигури исполнувањето на планот „Dare forward 2030“.

Максим Пика e назначен за директор за набавки и за добавувачкиот синџир, на местото на Мишел Вен, којашто ќе се посвети на лични проекти. Пика ќе има задача да создаде доверливи релации со добавувачите и намалување на трошоците за производство на електричните автомобили за 40 проценти во рамките на стратегијата „Dare forward 2030“.

Уве Хохгешурц ја презема функцијата на оперативен директор за Европа, на местото на Максим Пика. Актуелниот шеф на Opel има повеќе од 30 години искуство во бројни држави во автомобилската индустрија, посебно на позиции со одговорност за интернационалните пазари. Хохгешурц е ценет по брзото донесување одлуки, ефикасното комуницирање со тимовите и по давањето силен поттик за развој. Германецот ќе има своја улога, за концернот да стане водечки во Европа, со двоцифрена профитабилност.

Нов шеф на Opel е Флориан Хутл, кој се придружи во концернот во март 2021 година. Хутл моментно работи на позиција на лидер за продажба и маркетинг за Opel за поширокиот европски регион. Тој меѓу другото има работено во Велика Британија, Германија и Русија. Задача на новиот шеф на Opel е проширување на присуството на единствената германска марка во концернот на светскиот пазар, како и преод на Opel во електричната ера.

Назначувањето на новите функции е со дејство од 1-ви јуни 2022 година.

Виртуелно низ 160-те години на Opel

Претходна објаваRolls-Royce ги прогласи своите најдобри дилери во светот
Следна објаваToyota расте во сите правци, во продажбата, прометот, добивката

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here