Прошетка низ историјата на Opel, од машини за шиење од 1862 година и велосипедите во 1880-те години, до електричната Mokka-e, актуелна носителка на „Златен волан“, преку мобилниот телефон или компјутер. Opel одбележува 160 години постоење и меѓу бројните активности спаѓа и виртуелната прошетка низ музејот на марката.
Opel во 2022 го прославува 160-ти роденден на компанијата. По тој повод, специјалистите од Opel Classic подготвија посебен подарок за бројните љубители и возачи на марката. Преку линкот https://www.opel.com/microapps/opel-classic/ се пристапува до новата тематска тура за „160 години Opel“.
Од комоцијата на домашната фотелја може во секое време да се појде на виртуелна прошетка, почнувајќи уште од првите денови на компанијата. Новиот директор на Opel Classic, Лајф Роведер, говори за големианта и значењето на потфатот: „Новата јубилејна тура е изработена со многу внимавање на секој детал. Тимот прво мораше со мачна работа да ги архивира, документира и да ги постави сите експонати за снимање, на таков начин што онлајн-посетителите ќе можат возилата да ги видат од сите страни. Турата „160 години Opel“ им отвора нови перспективи за Opel на сите заинтересирани.“
Прошетката во 360 степени ги води посетителите виртуелно низ „светите хали“ од збирката од модели на Opel Classic во Риселсхајм. Тоа е збирка од непроценлива вредност, со 600 историски возила и студиски автомобили, како и дополнителни 300 експонати, што се поврзуваат со историајта на марката, од машини за шиење со знакот на Opel, до авионски мотор.
Тежиштето на турата „160 години Opel“ се почетоците на компанијата во 1860-те години и следните неколку децении, во коишто се случува огромен напредок на компанијата на браќата Опел. Со кликнување на жолтите точки што на дисплејот се појавуваат врз возилата и експонатите, Opel Classic ги открива најважните информации за истите. Тоа се по неколку вешто одбрани информации, така што виртуелната прошетка не се претвора во информациско измачување, туку во инфо-забава.
Уште на влезот го привлекува вниманието велосипедот со пет седишта, што соодветно е именуван „Quintuplet“. Тоа е истиот велосипед на којшто петте синови на основачот на компанијата се фотографирале на крајот на 19-от век. Првпат во виртуелна прошетка може да се види и првиот автомобил на Opel. Со патентираниот пронајдок „System Lutzmann“, во 1899 година започнува производството на автомобили во Риселсхајм.
Покрај познатите модели, при прошетката се наидува и на рекордерски автомобили, како што е Opel Elektro GT. Овој автомобил уште пред пет децении покажа на патеката Хокенхајмринг, што сé може да се постигне со автомобил што не испушта ниту грам штетни материи.
Во меѓувреме во историјата на марката е вклучени и првиот електричен автомобил Opel Ampera. Неговиот современик, Opel Mokka-e, актуелен носител е на титулата „Златен волан“.
Турата „160 години Opel“ се надоврзува на низата онлајн-прошетки низ музејот на Opel, коишто се достапни од минатата година. Останатите теми се Алтернативен погон, Рели трки, Дивите дваесетти и Мобилност за милиони.