за

Rolls-Royce ги прогласи своите најдобри дилери во светот

Rolls-Royce Motor Cars секоја година одржува свечено прогласување на дилерите што со своите постигнувања се издвојуваат во светската мрежа на благородната марка.

На светската дилерска конференција на Rolls-Royce присуствуваа 250 претставници на британската марка од целиот свет. По два виртуелни настани поради ковид, годинава повторно се одржа вистинска свеченост во седиштето на марката во Гудвуд.

Пет денови во „Тhe Home of Rolls-Royce“ во Гудвуд се зборуваше за достигнувањата на дилерите од светската мрежа на марката, се договараа стратегии и се соопштуваа најнови информации за следните случувања и настани поврзани со Rolls-Royce. Како врв на конференцијата се прогласуваат најдобрите дилери.

Наградите за победниците во одделните категории ги врачуваа извршниот директор Торстен Милер-Отвос и директорот за продажба и за марката Хенрик Вилхелмсмајер.

Бидејќи станува збор за специфични категории, имињата ги пренесуваме во оригинал.

Dealer of the Year: Rolls-Royce Motor Cars Tokyo

Sales Dealer of the Year: jointly awarded to Rolls-Royce Motor Cars Beijing Sanlitun and Rolls-Royce Motor Cars Shanghai Puxi

Ownership Services Dealer of the Year: Rolls-Royce Motor Cars Shanghai Pudong

Provenance Dealer of the Year: Rolls-Royce Motor Cars Beverly Hills

Bespoke Dealer of the Year: Rolls-Royce Motor Cars Orange County

Whispers Award: Rolls-Royce Motor Cars Leeds

Whispers Onboarding Champion: Rolls-Royce Motor Cars Dubai

Social Media Award: Rolls-Royce Motor Cars Hangzhou; with special mentions to Rolls-Royce Motor Cars Dubai and Rolls-Royce Motor Cars Sunningdale

Невозможно е да се прецени важноста на нашите партнерски дилери и придонесот што тие го даваат за нашиот бизнис, како дел од нашето светско семејство на Rolls-Royce. Во државите ширум светот, тие го применуваат своето единствено локално знаење, недостижното искуство и професионалната експертиза, за да воспостават длабока, долготрајна врска со нашите клиенти, како и да обезбнедат примерна индивидуална услуга по којашто секогаш сме биле познати.

Торстен Милер-Отвос, извршен директор, Rolls-Royce Motor Cars

Во салонот на победничкиот дилер на Rolls-Royce во Токио

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mitsubishi Space Star најпродаван, Corolla втора, Suzuki со 101 возило за три месеци

Шефот на Opel унапреден во оперативен шеф на концернот Stellantis за Европа