ОПЕК одвај ќе го зголеми производството на нафта, високите цени остануваат

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Големите извознички на нафта во картелот ОПЕК, заедно со Русија, само незначително ќе ја зголемат продукцијата на нафта. Тоа значи дека цените на горивата ќе останат високи уште извесно време.

Возачите и натаму ќе плаќаат високи цени при точењето гориво во своите возила. ОПЕК+ денес одржа средба, со којашто заседаваше Русија. Картелот реши да ја зголеми продукцијата на нафта во јуни, за 432.000 барели дневно повеќе отколку во мај. Тоа нема да доведе до намалување на цените на бензинот и дизелот. Аначитичарите се сомневаат дека и тоа минимално зголемување на продукцијата на нафта ќе се случи. Повеќето од големите држави извознички на нафта се соочуваат со недостиг од капацитети.

САД претходно побараа од ОПЕК+ да се зголеми продукцијата на нафта во значителен обем. Тоа би резултирало со осетно намалување на цените на горивата. Меѓутоа, членките на картелот, главно Саудиска Арабија, не гледаат интерес да преземат таков чекор. Покрај тоа, Русија ќе има само мала корист, поради масивните санкции против државата. ОПЕК+ реагира внимателно и на новиот бран корона во Кина.

Европската Комисија во меѓувреме бара бојкот за руската нафта. Тоа сигурно не оди во насока на намалување на цените на горивата. Мохамад Маркиндо, генералниот секретар на ОПЕК, во средата изјави дека останатите земји извознички на нафта не можат да го надоместат извозот на Русија, кој изнесува седум милиони барели дневно. Бојкотот би довел до долготраен период на високи цени на горивата. Нема добри вести за корисниците на дизел возила. Европа произведува помалку дизел отколку што троши, а Русија меѓу другото е важен снабдувач со дизел.

Од првата саудиска нафта во 1938 година до „Peak Oil“ во 2020

Претходна објаваВодороден погон на Toyota ќе работи во автобуси Mercedes-Benz
Следна објаваBentley: Лани рекордна продукција, годинава рекордна добивка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here