Концернот Volkswagen со нови директори за комуникација со медиумите

Покрај сите промени што се случуваат во браншата во поглед на електрификацијата, дигитализацијата и конективноста, и покрај сите предизвици од чип-кризата и Украина, големите автомобилски концерни мораат да внимаваат и комуникацијата со медиумите да се одвива уредно. Концернот Volkswagen постави нови менаџери во комуникацијата на марките Volkswagen и Škoda, како и на интернационалната комуникација.

Во чекор со смената на повеќе извршни директори на марките на концернот Volkswagen, следат и соодветни смени во одделенијата за комуникација со медиумите. Робин Ашхоф станува нов генерален секретар на групацијата Volkswagen во Кина и воедно директор за комуникацијата на концернот на светско ниво. Јенс Катерман ќе раководи со комуникацијата на марката патнички автомобили Volkswagen и со групацијата големоволуменски марки (VW, Skoda, Seat). Ариане Килиан доаѓа на местото на Јенс Катерман, како директорка за комуникации на Škoda. Нови директори има и во комуникацијата на одделението за технологија на концернот, во делот за батерии и полнење. Причина за смените во комуникацијата со медиумите се смените што беа извршени во највисоките менаџерски редови на марките на концернот Volkswagen.

Робин Ашхоф од 1-ви август 2022 година го презема генералниот секретаријат на Volkswagen Group China. Од оваа функција, тој ќе раководи и со интернационалната комуникација и комуникацијата на извршните директори во Кина. Ашхоф одговара директно пред Ралф Брандштетер, кој од 1-ви август ќе раководи со одделението „Кина“.

Робин Ашхоф

Нов директор на комуникацијата на марката патнички возила Volkswagen, од 1-ви јули станува Јенс Катерман, на местото на Робин Ашхоф. Тој воедно ќе раководи и со комуникацијата на групата големоволуменски марки (VW, Skoda, Seat). Претпоставен на Катерман е Томас Шефер, кој од 1-ви јули станува шеф на марката патнички возила Volkswagen и директор на групацијата големоволуменски марки.

Јенс Катерман

Ариане Килиан од 1-ви јули е задолжена за комуникацијата со медиумите на Škoda. Дамата доаѓа од местото на директорка за комуникации на одделението за техника и компоненти на Volkswagen Group. Претпоставен ѝ е Клаус Целмер, од 1-ви јули нов претседател на извршниот одбор на Škoda Auto.

Пред да почне да работи во Volkswagen, Робин Ашкоф работи како уредник во медиумската групација Функе, којашто главно издава магазини за жени, како и повеќе регионални дневници. Јенс Катерман до 2017 година беше главен уредник на прочуениот германски магазин Ауто Мотор унд Шпорт, додека госпоѓа Килиан пред доаѓањето во Volkswagen во 2007 година работела како референтка за медиуми во германскиот Бундестаг.

Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

Претходна објаваНов бонус за електричните возила во Германија, исплата секоја година
Следна објаваVolvo купи акции во авто-огласникот carwow

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here