Tesla произведува во шест фабрики ширум светот

Тоа ќе биде историски пример за развој на една автомобилска компанија. Кога почнуваше, Тesla имаше во понуда електричен родстер врз база на Lotus Elise. Денес, пионерот на електричните автомобили произведува во шест фабрики. Не се само автомобили.

Во општата еуфорија околу Tesla што трае низ сиве години, лесно може да се превиди податокот дека специјалистот за електрични автомобили во меѓувреме располага со мрежа од шест фабрики за производство, од САД до Кина, преку Европа.

При големиот настан за отворање на фабриката во Тексас, каде што сега се наоѓа и седиштето на компанијата, Tesla сооопшти дека со нејзините електрични автомобили е поштедена атмосферата од 8 милиони тони СО2 – само лани. Ако тоа се претвори во километри, со користење просечни вредности за американскиот возен парк и за американските возачи, се добива податок дека тоа одговара на 31.957.781.004 километри извозени со автомобили со бензински мотор. Тоа одговара и на 1.723.754 автомобили со обичен бензински мотор.

Фабриките на Tesla работат со висока ефикасност, што значи дека се преземаат мерки за потрошувачката на енергија и на водни ресурси да се сведе на најмала можна мера. Покрај тоа што се работи на самостојно производство на батериите и на нивно рециклирање по крајот на векот на експлоатација, се вложува и во локално производство. Електричните камиони Tesla Semi исто така ќе придонесат за намалување на влијанието на компанијата врз животната средина.

Фабриките на Tesla

Фремонт, Калифорнија

https://photos.app.goo.gl/q2VVPDpaUX1Q8HmC6

Tesla ја отвори фабриката во 2010 година, седум години по основањето. Таму се произведуваат Model S и X, Model 3 и Y. Според производителот, фабриката е најголем вработувач во регионот, со повеќе од 17.000 работни места.

Гигафабрика Невада

https://photos.app.goo.gl/tfUfEmqMBdH1B7NK9

Во фабриката во Невада од 2016 година се произведуваат електромотори, батерии и погонска спрега. Тука се применува висок степен на роботизација и се применуваат проекти за одржливост што служат како огледен пример за локалните училишта.

Гигафабрика Њујорк

https://photos.app.goo.gl/DjstH4M9BbnmS2Fn6

Лоцирана во Бафало, Њујорк, фабриката започна со работа во 2017 година, со производство на соларни панели и суперполначи за електрични автомобили. Во 2020 година, компанијата донираше соларен покрив вреден 150.000 долари за историскиот рингишпил во Бафало, стар близу сто години.

Гигафабрика Шангај

https://photos.app.goo.gl/PcfRHBPohjU1AHkL8

Изградена на местото на некогашното мочуриште, кинеската гигафабрика покажа колку вистински е способна компанијата, да изгради фабрика за рекордно кусо време и да го покрие големиот пазар. Дури ниту пандемијата не го попречи успехот на Гига Шангај. Во првата интернационална фабрика на Tesla се произведуваат Model 3 и Model Y. фабриката беше отворена во време кога поранешниот претседател Трамп водеше трговска војна против Кина. Тоа е воедно и прва фабрика во Кина што е во сопственост на странска компанија.

Гигафабрика Берлин

https://photos.app.goo.gl/ZV6geBSoyYVQTMdm9

Првата европска фабрика на Tesla доцнеше половина година со отворањето. Имаше големи притисоци од локалните еколошки здруженија, кои протестираа за високата потрошувачка на вода, иако блискиот јагленокоп троши повеќе вода отколку што Гига Берлин ќе потроши во своето постоење. Во Германија се произведуваат Model Y и батерии. Компанијата на Илон Маск исто така е најголем работодавец во сојузната покраина Берлин Бранденбург.

Гигафабрика Тексас

https://photos.app.goo.gl/3vZMsdh6b8shbVzv8

Тоа е шестата фабрика на Tesla и лоцирана е во близина на главниот град на сојузната држава Тексас, Остин. По принципот дека во Тексас сé е поголемо, фабриката ќе произведува Model Y, но и Cybertruck и Tesla Semi. Фабриката ќе има огромни размери откако ќе заврши изградбата.

Во Гига Тексас се наоѓа и новото седиште на Tesla. Фабриката располага со површина од околу 93 хектари, односно 929.000 метри квадратни под покрив. Целата површина на фабричкиот круг изнесува преку 10 квадратни километри, долж реката Колорадо. Западната фасада е изведена како светларник висок близу 10 метри. На тој начин се постигнува природно осветлување во фабриката и воедно се добива одлична глетка на Остин. Фабриката ќе се напојува преку 70.000 соларни панели. Лакирницата ќе заштедува по 10.000 кубни метри вода годишно. Во Тексас се произведува и првиот батериски модул со ќелиите 4680 на Tesla.

Свечено отворена фабриката на Tesla во Берлин

Сите автомобили со батериски електричен погон што се во понуда на македонските увозници можете да ги погледнете во нашиот онлајн каталог за нови автомобили на македонскиот пазар автосалон.мк

Inventory

Претходна објаваPorsche во првото тримесечје продаде 68.426 возила, четвртина во Кина
Следна објаваРедовното одржување на автомобилот е најважно: Неколку совети од Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here