Mercedes-Benz EQS е најдобар луксузен автомобил во светот

Прогласувањето на најдобрите автомобили во светот за 2022 година го отвори авто-салонот во Њујорк. Во конкуренција на луксузни автомобили, титулата му припадна на Mercedes-Benz EQS.

Жири од 102 автомобилски новинари од 33 држави, чијашто работа се издвојува во светски рамки, гласаа за најдобрите автомобилски новитети на годината. Електричната лимузина Mercedes-Benz EQS, којашто според сите класни мерила се споредува со S-Class, му донесе уште една победа на производителот од Штутгарт.

Ова е петта титула на најдобар луксузен автомобил во светот за Mercedes-Benz и втора последувателна титула, откако лани победи самиот S-Class. Во 2017 година, експертите го избраа Mercedes-Benz E-Class, додека две години пред тоа победи S-Coupe. Победничката серија почна со генерацијата на S-Class што беше актуелна во 2014 година.

„Особено сме почестени и горди што ја добиваме оваа награда. Констурирањето на архитектурата за електрични возила беше напорно патување, а EQS е првиот производ од истото. Освојувањето на оваа награда е силен симбол за целиот тим и ја зајакнува нашата цел да ги произведуваме најпосакуваните електрични автомобили во светот“, изјави Кристоф Старзински, потпретседател за архитектура на електрични автомобили и развој на електричен погон.

Mercedes-Benz EQS беше избран од појдовната листа од осум возила, потоа на 15-ти март беше објавено неговото пласирање меѓу трите финалисти. Штутгартската електрична лимузина во финалето се наатпреваруваше против BMW iX и Genesis GV70.

За модел да се кандидира за титула на најдобар луксузен автомобил во светот мора да се произведува во најмалку 5.000 примероци годишно, мора да биде ценовно поставен во луксузниот сегмент на главните пазари и мора да биде во продажба на најмалку два големи пазари (Кина, Европа, Индија, Јапонија, Кореја, Латинска Америка, САД) или на два континенти, во периодот меѓу 1-ви јануари 2021 година и 30-ти март 2022 година.

Изборот на најдобрите автомбоили во светот се одржа по 17-ти пат, во партнерство со меѓународниот салон на автомобили во Њујорк.

Mercedes-Benz EQS SUV: Со дизајнерски потпис на Славче Таневски

Претходна објаваДиселдорф не издава регистерски ознаки со буквата Z
Следна објаваСцената вели едно, пазарот друго: BMW X7 е грд и се продава одлично

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here