Автомобилите во ЕУ просечно стари 11,8 години, во Македонија над 20 години

Патничките автомобили што во моментов се возат во ЕУ во просек имаат година на производство 2010. Само шест држави во Унијата постигнуваат просек под 10 години. Понови автомобили се возат надвор од ЕУ: Норвешка, Швајцарија, Велика Британија, автомобилите во тие држави се помлади од европскиот просек.

Австрија, Белгија, Данска, но и Германија, Ирска и Луксембург, тоа се единствените држави во ЕУ во коишто просечната старост на патничките автомобили е под 10 години. Шампион е Луксембург, што со право се нарекува и Луксузбург, каде што просекот е 6,7 години. Во земјите со најстарите автомобили, во Романија и Литванија, просекот е десет години над оној во Луксембург. Деталната статистика ги зема предвид податоците за 2020 година, тоа се најновите податоци коишто стојат на располагање во моментов.

Германија се издвојува повторно, затоа што располага со еден од најсвежите возни паркови, но воедно и со најголем возен парк во Европа. Вкупно 48.248.584 патнички автомобили биле регистрирани во 2020 година во земјата. Во статистиката „оправдано“ недостига Бугарија. Земјата не се спомнува по ниту еден основ во деталната статистика. Отстапувањето на земјата е преголемо за да биде внесено во статистичката споредба, па како најдобро решение е избрано во овој поглед да се премолчи резултатот.

Ништо подобра не е Македонија, главно поради огромниот увоз на стари автомобили од луксузни марки од бугарските плацеви за користени возила, којшто трае веќе со години. По трендот на одржување на просечната старост на возниот парк на вредност од околу 15 години пред крајот на првата декада од новиот милениумот, следеше масовен увоз на стари луксузни автомобили. Последната прикажана вредност за просечната старост на македонските автомобили е 19,4 години.

Дијаграмот го прикажува наглото стареење на возниот парк во Македонија, големиот скок следи по масовното увезување стари луксузни автомобили

https://photos.app.goo.gl/5ccnjR3iVwCiR7xRA

Бугарските автомобили загадуваат најмногу, норвешките најмалку

 

Претходна објаваЕлектричната Toyota во мај стартува во Јапонија, од летово и во Европа
Следна објаваАвтомобил со вештачка интелигенција против американски полицајци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here