Германската спортска марка има амбициозна цел, до 2025 година се планира половината од целата продажба на Porsche да ја сочинуваат електрични или приклучни хибридни автомобили. Во 2030, уделот на чисто електричните модели ќе надмине 80 проценти. Дел од стратегијата секако дека е внимателно осмислениот концепт на сервисирање на батериите на електричните автомобили.
Префрлувањето од возила со мотори со внатрешно согорување на електрични возила е предизвик и за сервисирањето. Во Porsche се работи на „Road-to-X-Initiative“, којашто е важен дел од електромобилноста во германската спортска марка.
Уште при развојот на батериите се посветува големо внимание за конструкцијата на батеријата да биде едноставна. Тоа е клучно, за батеријата по потреба да може да се поправи во овластените центри на Porsche. Во електричниот Porsche Taycan се вградува батерија што се состои од 28 или 33 модули. Куќиштето на батеријата е конструирано да може да се отвори, за ќелиските модули и останатите компоненти да може да се заменат.
Секако дека клиентот ќе ја види предноста од тоа, кога место за замена на цела батерија, ќе треба во сервисната работилница да плати само за замена на оштетената батерија. Наспроти тоа, на сцената постојано се шпекулира со цени на батерии што се движат и по неколку десетици илјади евра. Точно е дека батеријата чини толку, но дефектот доколку се случи, обично е погодена само една ќелија. Сервисирањето се состои во замена само на таа ќелија.
https://photos.app.goo.gl/koCfWq5zNwKcRbNm9
„Капацитетот на батеријата зависи од најслабата ќелија во батеријата. Кога некоја ќелија ќе изгуби од капацитетот, таа го ограничува досегот на возилото. Со помош на нашиот тестер за дијагностика можеме во сервисна работилница да ја откриеме дефектната ќелија. Кога на пример напоните не се совпаѓаат, уште пред поправката знаеме кој модул мора да се замени“, открива Кристијан Бригер, продукт инженер во делот на сервисирањето на електриката во Porsche.
https://photos.app.goo.gl/N1NLeDYPrrXQz4wL8
За сопствениците на Taycan да можат да го дознаат капацитетот и состојбата на високонапонската батерија во нивното возило, Porsche разви систем на анализа во сервисните работилници. Станува збор за нова услуга што е воведена во март годинава.
Следен чекор е развој на мобилна апликација којашто на сопствениците ќе им овозможи самостојно да дознаат во каква состојба е батеријата на нивниот Porsche Taycan.
https://photos.app.goo.gl/AVzmn2AogWKXR1sTA
Отстранетите модули од батеријата на електричните автомобили, што уште се функционални, можат да се користат за стационарна примена. Тоа може да бидат акумулатори, што на пример, ја складираат електричната енергија произведена дење од соларни панели и ја ставаат на располагање ноќе. Рециклирањето исто така не е тема што е туѓа за батериите на електричните автомобили.
https://photos.app.goo.gl/X5KZmUV5ALNaq9Az6
Според првичните искуства во сервисните работилници на Porsche, со целосно електричниот Taycan, обемот на сервисирање на возилата е за 30% помал во споредба со моделите со обичен мотор. Промена на масло, на филтри и промена на свеќичките за палење секако дека тука е непотребно. Редовното сервисирање исто така е пропишано на секои две години или на 30.000 километри, но намалениот обем значи и пониска цена за сервисирање. Врз електричниот погон и батеријата не се потребни зафати при посетата на сервисна работилница.
https://photos.app.goo.gl/BJ6LhsUvfETUo9T57
Дел од сервисниот концепт за електричните возила на Porsche е таканаречениот „Flying Doctor“, кој пристига на местото на коешто се наоѓа автомобилот во дефект, во случај истото да не може да се превезе до сервисна работилница. Претходно во сервисот се врши процена и подготовка на алатите што можат да бидат потребни за поправката.
ЕУ вложува во три соларни електрани во Битола и железничко поврзување со Софија
















