за

MG во март ја зголеми продажбата во Европа за 142 проценти

Марката што го носи името на прочуената британска MG постигнува повеќе од забележлив напредок на европскиот пазар.

Март беше рекорден месец за марката MG на европскиот пазар. Продадени се 12.378 возила, што е зголемување од 142% во споредба со истиот месец лани, кога беа пласирани 5.109 возила.

Резултатите за првиот квартал исто така се одушевувачки. MG од јануари до март продаде 22.135 возила во Европа. Лани во истиот период биле само 8.580 возила. Шинју Лиу, новиот извршен директор на MG Motor Europe, горд е за тоа што неговата марка пласираше толку возила на европскиот пазар. „MG е на вистинскиот пат, и покрај предизвиците што ги поставуваат тековниот недостиг од микрочипови и последиците од пандемијата. Тоа е одличен продажен резултат за марката што се врати на континентална европска почва по 2,5 години.“

Во април стартува со продажба нов модел на MG, тоа е MG5 Electric, првото комби на марката со чисто електричен погон.

MG и лани имаше успешна година, со трикратно зголемување на продажбата во споредба со 2020. MG Motor Europe, надвор од британскиот пазар, лани продаде 21.946 возила на континентот, во споредба 7.200 возила преклани. Успехот се должи на фактот што MG е поставена како предизвикувач на пазарот, со одлична противвредност, добра опременост и пристојно технолошко ниво. Цената не оди на сметка на квалитетот и безбедноста.

MG моментно се продава на 16 пазари во Европа, а за годинава се планира проширување на пазарното присуство во Источна и Централна Европа.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche: При дефект се менува само ќелијата, не целата батерија

Возач на Tesla добил порака од сервис да го провери маслото